ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА СОПРУГОТ НА ТАЊА САВИЌ! Тој призна дека пејачката ги оставила децата гладни една недела, и исчезнала од Белград! НЕ САКААТ ДА ЈА СЛУШАТ!

8 ноември, 2020
т1

Јованчевиќ ја раскажа својата страна.


Пејачката Тања Савиќ со месеци е во центарот на вниманието на јавноста поради скандалот откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе децата во Австралија, како што тврди, без нејзино знаење и согласност.


Со солзи во очите, Тања зборуваше за пеколот низ кој помина со сопругот во емисијата „Магазин ин“, а сега Јованчевиќ реши да ја раскаже својата страна на приказната.

  • Искрено, не, тие не прашуваат повеќе каде е мама. На почетокот ја викаа да дојде, таа постојано ги лажеше и децата го чувствуваа тоа. Прво им рече дека не може заради работата, потоа заради короната, дека нема авиони и ние од тука и понудивме сè што и треба за да дојде – рече Душан.


Тој рече дека Тања исчезнала седум дена додека биле во Белград и дека тоа не и е прв пат.

Таа нè остави во Белвил во Белград. Не знаевме за неа седум дена и не и е првпат. Таа рече дека ако дојде во Австралија, нејзините родители ќе се откажат од неа – истакна Јованчевиќ.

  • Тие се слушаат секој ден, понекогаш двапати, но многу кратко затоа што децата не сакаат да разговараат со неа. Ги молам да разговараат со неа. Кога ги прашувам зошто не сакаат да зборуваат со мама, тие ми одговараат затоа што е здодевна и постојано го понижува тато. Таа ги тера да одат во собата да бидат сами за никој да не слушне за што зборува, тоа им пречи на децата. Таа постојано му вели на помладиот: „Господ нека ти помогне“ и тој е многу тажен поради тоа – рече Душан и додаде дека децата биле малтретирани и запоставени во Србија:
    Ние сме во Австралија бидејќи условите се подобри за децата, тие не се движат и не одат кај дадилки. Тие таму беа малтретирани и оставени гладни – рече Душан.

Сопругот на Тања изјавил дека пејачката им кажува на своите синови да се тргнат настрана од нивниот татко кога разговараат со неа на телефон, што ги растажува децата.

escort - Korsan taksi