СКАНДАЛ ВО СРБИЈА! Голем дел од Српската естрада вмешана во огромна превара со местење резултати на фудбалски натпревари… Кои се и на каков начин се правдаат- читај овде ;)

15 октомври, 2020
383060_383043-366466-screenshot-2020-08-21t081224_f

И тие беа дел од измамата.

Бројни поп-личности учествуваат во неверојатниот грабеж на наивни луѓе! Кија Коцкар, Луна Џогани, Слоба Радановиќ, Станија Добројевиќ, Љупка Стевиќ, Анабела Атијас, Надежда Биљиќ, Милјана Кулиќ, Маја Маринковиќ, Марко Јанљушевиќ Јанјуш и многу други членови на „Задруга“ рекламираа на своите профили на Инстаграм кои нудат наводни типови за наместени натпревари .

Надежда Биљиќ: Јас сум платена, мора да го издржувам детето

– Ме платија за тој оглас. Имам дете што мора да го издржувам, бидејќи неговиот татко Тома Паниќ се швалерисува во „Задруга“. Морам да се снајдам! Не знаев дека е измама. Имам пријател кој има дојави и навистина погодува. Му давате сто евра, тој пополнува билет и ви го дава. Тоа постои. Мислев дека ова е истата работа. Немам ништо со овие измами. Повторно би рекламирала, но пред тоа би ги замолила мене да ми дадат дојава, да видам дали ќе ме изневерат!

Драгана Митар: Луѓето го дадоа последниот динар поради мене

– Ги рекламирав еднаш, но кога видов како мамат луѓе, повеќе не го правам тоа. Луѓето ми се пожалија дека ги измамиле, не сакам да бидам дел од тоа. Тоа ми е дно дна, многу ми е жал што некогаш бев дел од тоа. Жал ми е за луѓето кои го дадоа последниот динар за тоа! Како и да е, има многу сиромашни и болни луѓе и постои криза поради короната. Никогаш повеќе нема да рекламирам такво нешто. Отсега па натаму рекламирам облека!

Љупка Стевиќ: Дечко ги дал парите што ги чувал на лекување

– Ги рекламирав, но потоа добив порака од момчето кое им ги даде последните 500 евра што ги чуваше за лекување на неговата мајка! Тогаш престанав да го правам тоа! Тоа е грев од Бога! И мене ми дадоа тип, играв двапати, еднаш пропуштив еден натпревар, а по втор пат победив. Луѓето измамени треба да ги пријават во полиција, а надлежните треба да реагираат на тоа.

Маја Маринковиќ: Жал ми е, отсега ќе прашувам кога и што рекламирам

– Немав идеја дека станува збор за измама. Не се разбирам во обложување, не се коцкам како Јањуш, па не бев заинтересиранс да прашам дали сè е легално. Жал ми е што луѓето останаа без пари. Немам проблем со одење на информативен разговор, затоа што не ги измамив луѓето. Властите треба да им се обратат на оние што изневеруваа, јас само ги зедов парите за рекламирање. Сега сфатив дека треба да проверам кога рекламирам пред да го направам тоа.

escort - Korsan taksi