„Со или без Фотошоп, изгледа убаво“: Брена не распамети со новата фотографија во костим за капење!

18 септември, 2020
бренка налсов

Фолк ѕвездата позираше со нејзината колешка Сања Џорѓевиќ, но и со сопругот Бобо Живојиновиќ

Лепа Брена ужива на одмор во Црна Гора, заедно со сопругот Слободан Бобо Живојиновиќ. Фолк ѕвездата беше активна на Инстаграм, каде објави нови фотографии во костим за капење.

Брена не воодушеви со изгледот, и доби бројни позитивни коментари

„Со или без Фотошоп, убаво изгледа. Ова е рај за очите. Поздрав до сите оние кои кажуваат дека има Фотошоп, па и да има вие никогаш нема да изгледате како Брена и со Фотошоп“, беа некои од коментарите.

Брена позираше на сликите со нејзината колешка Сања Џорѓевиќ, со која се запозна во текот на летото, но и со нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ.