Сораја за роденден доби подароци вредни 322.000 евра!

17 ноември, 2020
soraja-vucelic-7-830x0

Старлетата предизвика разни коментари на социјалните мрежи

Старлетата Сораја Вучелиќ (34) веќе некое време не живее во Србија, а малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Имено, за девојка која порано можеше да се сретне во Белград, скоро секој ден, сега знаеме само онолку колку што ни покажува на социјалните мрежи.

Вучелиќ сега се пофали со подароците што ги доби за 34-от роденден, кој го прослави на 11 септември оваа година.

На своето Story на Instagram направила слика на скап часовник, прстени кои чинат 78 000 и 164 000 евра, додека луксузниот часовник со дијаманти од позната марка чини околу 50 000 евра. Чантата што ја носи Сораја чини околу 30 000 евра.

Еден портал пренесува дека вредноста на она што Сораја го покажа на социјалните мрежи е 322.000 евра.

После оваа објава, познатата старлета предизвика лавина коментари од своите следбеници: „Немаш со што друго да се фалиш“, „Срамота што прави оваа жена“, „Страшно, нема вредност без семејство“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.