Станија провоцира: Ги рашири нозете, a силиконските гради секако беа во преден план (ФОТО)

10 октомври, 2020
120911235-268480447679090-1740041194365562763-n_D8o0tNS

Сè уште не е познато дали и кога српската старлета ќе се приклучи на „Задруга“. Но, познато е дека таа не престана да објавува голи фотографии на Инстаграм. Таа сега позираше во розово издание

Фановите на Станија Добројевиќ (35) ѝ посакуваат влез во „Задруга“ за да ја видат реакцијата на поранешниот осуденик Кристијан Голубовиќ (50), кој неодамна ѝ се закани со смрт.

Сè уште не е познато дали и кога српската старлета ќе влезе во реалното шоу. Но, познато е дека таа не престана да објавува голи фотографии на Инстаграм.

Сега таа позираше покрај автомобилот во розово издание. Носеше тренерка и патики, кленка и ги рашири нозете, а силиконските гради беа ставени во преден план.

Фановите го пофалија нејзиниот изглед и ѝ рекоа дека оваа боја одлично и одговара. Пред тоа, таа позираше во кревет, покриена само со пешкир.

Да потсетиме, на Голубовиќ му дојде преку глава, пишуваат српските медиуми, откако Станија неодамна го спомна неговото дете, велејќи дека неговата ќерка „не е навистина негова“.

– Сега им се колнам во моите две деца: Јас ќе ја убијам Станија Добројевиќ лично или преку мои луѓе ако таа не ми се извини искрено за навредата на моите деца. И ќе го убијам секој во мојот живот што ќе го спомене моето дете, сетете се на ова, по цена да одам во затвор 40 години. Па, парите воопшто не се важни, сега знаете за што станува збор – рече тој пред другите учесници на „Задруга“.

– Јавни смртни закани?! На национална телевизија? И никој не реагира? Ова е реално шоу за вас? Не, ова веќе не е реално шоу, овде е живот во прашање! Јас еднаш молчев пред пет години кога овој човек јавно ме рекетираше, а сите гледаа и молчеа?! Сега веќе нема да молчам! Јас директно ѝ се обраќам на државата да реагира на време ??! Во секоја регулирана држава, луѓето одат директно во затвор за ова !!! – реагираше Станија.