Три килограми за седум дена: Оваа диета на Марија Шерифовиќ делува во рекорден рок, а еве и како таа се хранеше!

22 декември, 2020
image_17

Наместо кафе наутро, се препорачува зелен чај!

Пејачката Марија Шерифовиќ го сподели своето искуство на својот канал на ЈуТјуб со диетата која и ја препиша нутриционистката Ана Петровиќ.

Диетата на Марија се базира главно на салати, младо сирење, туна и бело месо. На самиот почеток, пејачката ги покани сите да се приклучат на седум-неделниот план на диета.

-Ова е план на исхрана кој одговара на мојата тежина и крвна група, и секој треба да најде соодветен план за себе. Ќе се хранам здраво седум дена, се надевам дека нема да ја прекинам диетата. Зелениот чај е задолжителен, тоа е нешто со што го започнувам денот – рече Марија.

За време на диетата и овие седум дена детоксикација, Шерифовиќ беше гладна неколку пати, но успеа да им одолее на искушенијата и да се храни здраво, а во текот на оваа недела ослабе 2,8 килограми.

-Тоа е голем успех, секако можеше да биде и подобар, но резултатот секако е добар. Не се надевајте дека ќе биде вака секоја недела, бидејќи на почетокот веднаш доведува до исфрлање на вишокот течности и токсини – заклучи Марија, задоволна од резултатите од првата недела.

escort - Korsan taksi