Вербалната војна ескалираше со жестоки навреди и закани неколку дена пред почетокот на „Задруга 4“

7 септември, 2020
kristijan i stanija

За Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ, реалното шоу започна неколку недели пред да се преселат во „белата куќа“, а нивната вербална војна ескалираше со жестоки навреди и закани неколку дена пред почетокот на „Задруга 4“.

Затоа славната старлета реши да се обезбеди од својот поранешен партнер во реалното шоу и да не остава ништо на случајност!

Kristijan i Stanija

Имено, извор близок до старлетата изјави, дека Станија се осигурала во продукцијата поради страв за сопствената безбедност, па Кристијан ќе го изгуби целиот хонорар доколку физички ја загрози.

-Конфликтот меѓу Станија и Кристијан првично изгледаше како наместена увертира пред реалното шоу, сè додека не почнаа да си задаваат ниски удари и навреди. За да му се одмазди затоа што ја нарекол проститутка, Станија го спомна семејството на Кристијан, по што веќе немаше враќање. Неговите закани не беа воопшто наивни, па затоа се сврте кон продукцијата и побара специјален договор за да и вети заштита од Кристијан. За неколку дена добил и документ во кој се известува дека ќе ги изгуби сите пари ако ја удри – вели изворот и открива дека дополнителниот договор го разбеснил Голубовиќ.

Stanija Kristijan

-Бидејќи Станија е позната по своите провокации, со кои може  дури и најмирниот човек да го извади од такт, на Кристијан не му се допадна тоа што со договорот се заштити од него. Особено што тој не ја удри ниту за времето поминато на „Фарма“.

Stanija i Kristijan

Потпишал договор вреден 150 илјади евра однапред, а не сака да ги изгуби тие пари. Иако не е склон на насилство врз жени, тој се плаши дека Станија ќе го полуди доволно за да остане без хонорарот. Би било многу тешко да се поднесе, особено затоа што тој планира да купи бар и стан за да ја обезбеди својата ќерка Вера – наведува изворот, кој тврди дека Кристијан за возврат барал неговиот ривал да не ги спомнува неговото дете и сопругата.

Само два дена пред почетокот на реалното шоу, Станија јавно тврдеше дека малолетната ќерка на Кристијан, Вера, всушност била ќерка на неговиот пријател од затвор.

-Детето што го роди Ивана не е на Кристијан! Вера не му е ќерка! Кристијан знае дека станал стерилен, па затоа и ја подметнал спермата од неговиот пријател Шеда на Ивана. Тој го стори тоа со цел да го одложи затворот во 2016 година – неодамна рече Станија.