ВЕРЕНА ИЛИ НЕ? Нивес Целзијус зборуваше за прстенот што ги заинтригира сите!

18 ноември, 2020
нивес

На видеото направено во салонот, Нивес прво ги покажа ноктите на рацете, а потоа и на нозете. Но вниманието го привлече златниот прстен што и беше на раката, а сега таа реши да зборува за сè.


Пејачката и писателка Нивес Целзијус проговори за прстенот што и беше на раката во едно видео. Прстенот малку ги збуни нејзините следбеници и таа реши да открие за што станува збор.

-Вчера работев цел ден и само во одреден момент ме нападнаа со честитки, па за да ги спречам понатамошните честитки, не сум верена, ова не е веренички прстен и нема симболика, нема емотивно значење, го имам веќе 20 години и веќе можевте да го видите милион пати, што на сторињата, што на објавите, само требате да се фокусирате малку и на некои други работи – рече таа.

Да потсетиме, Целзиус прилично ги збуни своите следбеници. Актерката, пејачка и писателка била на маникир и педикир, а на Инстаграм се пофали со фотографии од своите нокти. На видеото што беше направено во салонот, Нивес најпрво ги покажа ноктите на рацете, а потоа и на нозете. Но, вниманието го привлече златниот прстен кој таа го носеше во една од двете снимки што ги објави. Бројните обожаватели беа воодушевени, а некои од нив дури помислија дека Нивес е тајно верена.

Во јули годинава, Нивес, која во моментов ја гледаме како член на жирито на шоуто „Твоето лице звучи познато“, призна дека е среќна во љубовта, но не сакаше да ги открие деталите за нејзината врска.

– Тука нема многу што да се каже, сепак е толку свежо и ново што искрено не знам ни како да го наречам, можеби симпатија што е обострана – раскажа Нивес. Таа додаде дека оваа година била исклучително емотивна и полна со љубов кон неа и дека има возбудливи деловни проекти на кои може да се радува. Од 2014 година, откако раскина со фудбалерот Дино Дрпиќ, Нивес Целзијус не откри многу за нејзиниот љубовен живот и не се појави во јавноста со ново момче.

– Имаше некои симпатии, дури и неколку состаноци, но тогаш сфатив дека не е за мене. Мислам дека сум премногу себична во моментот за да имам таква врска. Уживам во работата, семејството и пријателите и не сакам некој да ми ја наруши рамнотежата – рече Нивес во едно интервју.

Со нејзиниот поранешен сопруг Дино Дрпиќ, со кого го има синот Леоне и ќерката Таиша, Нивес остана во многу добри односи.