ВИДЕО КОЕ СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА: Еве како ЦЕЦА и ЏЕЈ пееја и играа на нејзината венчавка со Аркан (ВИДЕО)

9 декември, 2020
5afcac26a677781e7deeec29ea6a90f32ddad690

Славниот пејач Џеј Рамадановски почина во неделата, на 6 декември, на 56-годишна возраст.

Познат како човек со големо срце, вечен позитивец и секогаш со насмевка на лицето, легендарниот пејач Џеј Рамадановски беше сакан и почитуван од сите.

Покрај врвниот глас и песните што останаа зад него, тој ќе остане запаметен по неговиот специфичен начин на свирење, кој сите го обожаваа.

Дури и свадбата на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан не можеше да помине без Џеј и неговите весели и енергични песни кои потикнуваат игра.

Токму Џеј и Цеца ја изведоа песната „Секси ритам“ заедно на свадбата на Цеца и Аркан.

Погледнете како изгледало уште во 1995 година на ова видео: