„ЗАТОА СОПРУЗИТЕ ГИ ИЗНЕВЕРУВААТ! Изјавата на Јелена Карлеуша за изгледот на Балканките по породувањето предизвика БУРА на Интернет!

6 ноември, 2020
карлеуша

Пејачката повторно се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, но овој пат причината не се нејзините необични модни избори.

Членка на жирито на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“ и пејачката Јелена Карлеуша е позната како некој што нема влакна на јазикот, па повторно го сподели својот став, што предизвика многу коментари на социјалните мрежи.

Имено, Карлеуша во споменатата емисија изјави:

На Балканот, кога жените ќе се породат, тие се „раскравуваат“, односно се запоставуваат во целост! Затоа мажите ги изневеруваат! Затоа што се оженил со една, а по породувањето добива некоја сосема друга жена.

На забелешката на Саша Поповиќ за нејзиниот вишок во задникот што го имала минатата година, таа одговори:

Дали велиш дека сега го немам?
Пејачката е во брак со фудбалерот Душко Тошиќ од 28 јуни 2008 година, со кого има две ќерки.

Нејзиниот коментар предизвика сериозна дискусија на социјалните мрежи, особено на Твитер, каде еден дел од публиката истакна дека се согласуваат со нејзиниот став.

Сепак, многу повеќе се тие кои ја осудиле пејачката за ваквиот став и тоа за нив е – сосема природно, бидејки телото на жената значително се менува кога ќе се породат.

Во најавата за новата емисија, Карлеуша, меѓу другото, вели:

Јас не готвам, не пеглам, имам жени кои го прават тоа. Мојата работа, што ми носи пари, е да бидам секс бомба.