10 неверојатни места на кои нема да можете да стапнете! Забранети за јавност а можеби најубави во светот..

4 август, 20200
локации

Некои од најинтересните места на светот се затворени за јавноста и претставуваат забранети дестинации кои туристите никогаш нема да можат да ги посетат.

Пристапот е забранет или ограничен бидејќи претежно се работи за многу опасни локации, каде е загрозен животот на посетителите, или се во прашање историски места кои се строго заштитени.

Погледнете на кои места најверојатно никогаш нема да можете да стапнете и на кои острови не смеете да одите.

Повеља, Италија

Ова мало место меѓу Венеција и Лидо се смета за едно од најпроколнатите места во светот. Напуштено е во 1968 година кога се затворила тамошната психијатриска болница. Пред тоа служела како карантин за заболените од чума. Италијанската влада пред неколку години го понудила на долгорочен закуп од 99 години со надеж дека некој ќе го земе и оживее, но попусто.

Област 51, Невада

Оваа област во Северна Невада никој не смее да ја посети, освен тајните служби и воени лица со посебна дозвола. Долго се верувало дека овде се тестираат авиони и оружје, додека теоретичарите на заговор тврдат дека тоа е база каде американската влада складира докази за вонземски живот. Заштитен е дури и воздушниот простор над оваа база каде што е забрането прелетување.

Островот и вулкан Херд во Австралија

Ова е едно од најзапуштените места на земјата каде што живеат фоки, пингвини и морски птици. Островот се наоѓа меѓу Мадагаскар и Антарктик, а припаѓа на надворешната територија на Австралија. Заради исклучително неповолните временски услови, овој остров може да се посети само две недели годишно и претставува најнедостапното место на светот.

Пештера Ласко, Франција

Овој пештерски комплекс е комплетно затворен за јавноста од 2008 година, откако почнале да се шират габи. Се работи за пештера на чии ѕидови има остатоци од најстарите слики од добата на палеолитот и се од непроценлива цивилизациска вредност.

Ватиканските тајни архиви

Длабоко под улиците на Ватикан се наоѓаат писмата на Микеланџело, писмата на шкотската кралица Марија која била погубена, како и барањето на кралот Хенри VIII за поништување на бракот. Архивата е во сопственост на владеачкиот папа. Во овие простории може да влезе мал број на одбрани луѓе кои пред влегување подлежат на строги контроли- тоа се луѓе кои се грижат за архивата, внимателно одбрани.

Островот Северен Сентинел, Андамански Острови

Овој остров е целосно опкружен со корални гребени, заради што речиси е невозможно да се пристапи. Но не се само гребените причина. Сентинел е настанат од мала автохтона заедница која никогаш не контактирала со други луѓе и е една од последните заедници кои немаат никаква допирна точка со модерната цивилизација.

Гробница Чин Ши Хуанг, Кина

Гробницата на првиот кинески цар Чин Ши Хуанг, кој умрел 210 г.п.н.е се наоѓа длабоко во планините во централна Кина. Кинеската влада веројатно никогаш нема да дозволи целосно прекопување на гробницата заради древните верувања и ритуали. Мал дел е отворен за туристи, додека главната гробница веројатно засекогаш ќе остане затворена.

Глобална банка на семиња од ретки билки, Свалбард, Норвешка

Станува збор за голем, подземен трезор на семиња. Оваа “банка” се наоѓа на норвешкиот остров Спитсберген, оддалечен околу 1000 км од Северниот пол. Се работи за зграда во која се чуваат околу 840 000 примероци на дури 4000 разни видови на семиња кои потекнуваат од сите страни на светот. Целта е да се зачуваат примероци во случај на катастрофа или исчезнување на растителните видови.

Влез во банката имаат само вработените и владини организации од светот кои можат да пристапат само на она семе кое самите го складирале.

Островот на змиите во Бразил

Змискиот остров не се нарекува попусто така. Станува збор за дом на една од најсмртоносните змии на светот-златна змија, чиј отров буквално го разградува човечкото месо. Се проценува дека на островот има околу 4000 златни змии. Островот не е воопшто населен од луѓе, на него има само еден светилник изграден во 19 век. Бразилската влада строго забранила посета на островот со еден исклучок- на него на неколку години можат да дојдат научници и биолози кои се занимаваат со проучувањее на змиите.

Големата гробница Иса, Јапонија

Овој комплекс гробници се состои од 124 помали гробници посветени на божицата Аматареаса- Омиками. Таа се преместува на секои 20 години, а последен пат тоа е направено во 2013 година. Пристап до гробницата имаат само највисоки свештеници, кои мораат да бидат членови на јапонското царско семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *