12 хотели во кои самоизолацијата добива комплетно ново значење!

7 мај, 2020
1

Од Патагонија до Тасманија, овие дванаесет оддалечени одморалишта се дизајнирани да одржуваат далечина и да го извлечат максимумот од самотијата и приватноста…

Долго време пред зборовите „социјална дистанца“ и „самоизолација“ да се најдат во нашата секојдневна употреба, хотелите на оддалечени места имаа свој посебен шарм. Без разлика дали станува збор за авантура што вклучува далечни дестинаци, спокој што ни го дава тој краток период кога „се симнуваме од мрежата“ или едноставно желбата да отидеме да истражиме еден сосема поинаков свет. Има безброј причини зошто ваквите одмори се вредни за нашиот интерес и внимание.

Ова не се места што ќе ги посетите за да се изолирате, ова се локации кои е наоѓаат во најосамените делови на светот. Од дрвените колиби во срцето на Арктичкиот круг , па се до ложата на езерото во Тасманија, ви претставуваме дванаесет одморалишта кои и даваат на самоизолација целосно ново значење.