Ќе имаме ли шанса оваа година да ги посетиме најубавите 7 Грчки плажи? :(

19 април, 2020
плажа

Ако сте во потрага по нешто релаксирано и скриено, смачено ви е од гламурозните и преполни одморалишта, тогаш овој водич е токму она што ви е потребно.

7-pomalku-poznati-grchki-plazhi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzhvite-001.jpg

Во него ќе ги најдете 7-те алтернативни, егзотични, но малку потскриени плажи на Грција, без преполни шанкови и бич барови.

1. „Elafonisi“, Ханија, Крит

Зборовите не можат да ја објаснат убавината на оваа уникатна локација. Водата е кристално чиста и сина како небото. Плажата има златникаво-розова боја која не може да се сретне на ниедно друго место во светот.

Ако сакате мир и тишина, ова е совршената плажа за вас, бидејќи туристичкиот развој е на ниско ниво. Но, може да најдете соби и неколку добри места за јадење. Ако сакате да поминете време на егзотична плажа опкружени со спокојство, тогаш ова е одлична идеја.

10-pomalku-poznati-grcki-plazi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzvite-002.jpg

2. „Seychelles“, Икарија

Уште познато како „Јамајка на Егејското море“  таа е една од најинтригантните плажи. Оваа камчеста плажа е лоцирана во мало живописно местенце, полна со интересни камени формации, а специфичната боја на морето ја нема на ниедно друго место.

Лоцирана е на 25 км западно од Агиос Кирикос, веднаш после тунелот кој води во селото Манганитис. Пристапот до плажата е преку патче кое започнува на главниот пат и кое се протега по речното корито. Некогаш дури е возможно да земете такси бротче од пристаништето во Манганитис.

10-pomalku-poznati-grcki-plazi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzvite-003.jpg

3. „Balos“, Ханија, Крит

Оваа плажа е добро позната, има одличен пејзаж и кристално чиста вода. За да стигнете до Балос, мора да имате авантуристички дух, бидејќи треба да возите 15км по див пат и потоа да пешачите уште 2 км. Но, верувајте дека вреди.

Ако не можете да возите, земете такси бротче од Кастели т.е. најблиското пристаниште. Во овој предел има само мало кафуле кое продава ладни пијалаци, па затоа понесете храна и летен чадор. А, сигурно ќе најдете и некој што кампува таму. Зошто да не се обидете и вие?

9-pomalku-poznati-grchki-plazhi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzhvite-1.jpg

4. „Hiliadou“, Евиа

Дива и прекрасна плажа лоцирана во централна Евиа, на само 2,5 часа од Атина. Високи гребени, и дрвја со костени водат до сончевата плажа на идилична локација. Дури има и дел кој се смета за нудистичка плажа.

Не заборавајте да ги посетите морските пештери кои се на 100 метри северно од нудистичката плажа. Морската вода која ги заплискува пештерите предизвикува сино-зелена боја. Вториот излез од пештерата е подводен.

Лесно ќе најдете храна, бидејќи има неколку добри таверни, а за викенди постои можност да има малку гужва.

9-pomalku-poznati-grchki-plazhi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzhvite-2.jpg

5. „Aspri Limni“, Ханија, Крит

Без разликата на убавината, оваа плажа е сѐ уште непозната за многу туристи. Малечка плажичка со бел песок опкружена од многуте камчиња кои создаваат природна брана и езеро.

Регионот е од огромна важност за околината, затоа што таму може да ја најдете „phoenix theofrasti“ т.е. Критската палма.

Исто така, посетете го стариот манастир во југозападниот дел на Крит, високо над Либиското Море.

10-pomalku-poznati-grcki-plazi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzvite-008.jpg

6. „Chalikiada“, Агистри

Одличен избор за оние кои ја посетуваат Атина и сакаат брзо прибежиште до близок остров. Агистри можеби е мал, но се наоѓа на 1 час од пристаништето на Пиреј и е навистина прекрасен.

Халикијада е лоцирана во близина на туристичкото место Склири. Следејќи тесно патче, по необична авантура низ боровите дрвја, посетителите пристигнуваат на природниот син залив полн со големи камчиња и кристално чиста вода. Но, пристапот е малку тежок и бара огромна внимателност. Водата е плитка на почетокот, но по 5 метри е навистина длабока. Токму затоа е совршена локација за кампување.

9-pomalku-poznati-grchki-plazhi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzhvite-3.jpg

7. „Galifos“, Фолегандрос

Галифос е местото кое ви е потребно ако сакате да станете едно со природата. На овој неверојатен брег може да најдете само соби без струја. Тоа е навистина сегрегирано и идеално за оние кои се љубители на нудизмот.

Исто така, бидејќи нема ништо околу вас, задолжително мора да понесете сѐ што ви е потребно. Топлата вода е одлична, па зошто да не искусите нешто поинакво?

9-pomalku-poznati-grchki-plazhi-koga-sakate-da-izbegate-od-guzhvite-4.jpg