Архитектура која одзeма здив: Хотел кој изгледа како да е склопен од лего коцки

6 мај, 20200
naslovna

Кога ќе го видите од далеку, ќе се заколнете дека некој дал се од себе за да склопи лего коцките кој знае колку високо, а кога ќе му пријдете, ќе потрае некое време да сфатите дека тој навистина не е направен од популарните коцки. Ова е многу посебен хотел – холандски хотел.

Ех, кога конечно ќе можете да одите во хотели, и се надевам дека ќе биде наскоро, ако патот ве однесе до Амстердам, размислете да не останете точно во тој град. Сместувањето е обично поскапо, може да има премногу врева, а недалеку од холандската престолнина се наоѓа овој познат хотел – како детска креација, но кога ќе го погледнете подобро и ќе влезете во него, има добра шанса да се за заљубите во него. Да, овој хотел може да биде љубов на втор поглед.

Intel Hotels Amsterdam Zaandam се наоѓа во срцето на Заандам, град со население од околу 75.000, но исто така може да се пофали и со други необични згради, како, да речеме, градското собрание. Хотелот е веднаш до железничката станица, од каде возовите ве одведуваат до Амстердам за околу десет минути, што е доволно добра причина да не останете таму.

Може да се пофали со четири sвезди, а секој што сака да се релаксира, ќе може да скокне во велнес центарот или да оди во фитнес-центарот. Се разбира, има и богата шведска маса вклучена за појадок (не знаеме каква ќе биде иднината на оваа форма по короната), а во хотелскиот ресторан можете да јадете солидна вечера и да се одморите со коктел на сончевата тераса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *