4 август, 2020

Името на самиот остров најблизу би се превело како „плитко море“, што секако придонесува за популарноста на неговите плажи.

Главниот град Насау

Можете да ги истражите историските и модерните ќошиња на Насау, главниот град на Бахамите, чиј  голем дел е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, сè додека уживате во погледот на тиркизната сина боја на океанот пред вас. Со своите снежно-бели песочни плажи, Бахамите се совршена дестинација за да се разгалите и уживате.

Она што никако не треба да го пропуштите ако ги посетите Бахамите, е прекрасниот корален гребен Аравак, кадешто ќе можете да уживате во зајдисонцето над Атлантикот, прошетка низ центарот на Насау со посета на Пиратскиот музеј, како и посета на резерватот “Розев песок”

Рајски свињи

Исто така, постои мал остров чиишто единствени жители се домашните свињи. Не е јасно како овие свињи стигнале до Островот, но има неколку легенди за тоа, па дури и „теории на заговор“.

Локални специјалитети

На крајот на денот, не пропуштајте ја можноста да уживате во локалните специјалитети, како крофни со школки, хамбургери направени од локални групар риби или ракчиња.

Остави коментар

Почетна // Travel Story // Бахамите се сон на секој човек – тие се дом на најубавите плажи во светот!
Горе