Блескава вода опколена со црвени планини: Ова е најубавото вештачко езеро во светот!

6 септември, 2020
lake-powell-506811920-830x0

Понекогаш дури и човечките креации можат да бидат достојна конкуренција на природни чуда. Одличен пример е езерото Пауел, второто по големина вештачко езеро во Америка.


Иако езерото е дел од реката Колорадо, тоа всушност лежи на границата на државите Аризона и Јута. Вкупната површина на езерото е 658 км2, а просечната длабочина е околу 40 метри. Создадено е по изградбата на брана во Кањонот Глен, на реката Колорадо, која започна во 1956 година. Изградбата траеше скоро десет години и не беше завршена дури во 1966 година.

Езерото го добило името по американскиот истражувач Џон Визли Паоел, кој предводел експедиција на реката Колорадо и Гранд Кањон уште во 1869 година.

Пенливата сина вода на езерото Пауел, опкружена со многу високи црвени карпи, сè уште привлекува милиони туристи секоја година, како од Америка, така и од целиот свет. Ова место е навистина посебно и уникатно. Туристи од целиот свет доаѓаат тука за да уживаат во прекрасната глетка, бројни спортови, како што се кајакарство, скијање на вода, риболов и нуркање. Убавината на кањоните на реката Колорадо и езерото Паоел исто така го привлече вниманието на холивудските режисери. Околу 45 телевизиски серии и филмови беа снимени таму, како што е „Планетата на мајмуните“.