Дали Мртвото Море е навистина мртво? Ова се фактите кои не сте ги знаеле за најсоленото езеро во светот!

9 ноември, 2020
мртво море

Нивото на водата секоја година паѓа за цел метар, што најавува дека тоа наскоро целосно ќе се пресуши


Со години, Мртвото Море е привлечна дестинација за туристите поради својата специфичност, неговата лековитост, но и географската позиција.

Познато е и како „депресивно море“, бидејќи е исто така најниската точка на надморска височина во светот. Се наоѓа помеѓу Јордан и Израел, а Ерусалим од него е оддалечен само дваесетина километри.

Поради најголемата соленост од 33%, Мртвото Море е најсолената водна површина во светот. Ниту едно живо суштество не може да преживее тука, освен многу микроби.

Покрај тоа што водата на ова море е многу лековита за дерматолошките болести, Мртвото Море е идеална дестинација и за оние кои страдаат од депресија и анксиозност, бидејќи престојот во овој предел во светот има корисен ефект врз нервниот систем.

Исто така, водата е идеална за непливачи затоа што не можете да потонете.
Поради концентрацијата на сол, телото ќе остане на површината, па можете да лебдите над водата и да читате весник или да уживате во погледот.
Сепак, долгиот престој во вода не се препорачува поради наведената соленост, што може да ја оштети кожата.

Уште еден интересен податок

На плажите исто така има и спасувачки екипи, и ако се запрашувате зошто, верувале или не, ако поголема количина од оваа вода влезе во устата или носот, тоа може да доведе до задушување.

Езерото, кое е девет пати посолено од кое било море, го привлекува вниманието на туристите поради лековитата кал што ја има во изобилство, и изворите на термални води кои успешно лекуваат ревматски проблеми.

escort - Korsan taksi