4 август, 2020

Овој вид туризам им ги отвора вратите на океанот на патниците, нудејќи им можност да го видат морскиот свет кој опфаќа 70 проценти од нашата планета. Не само што океанот нуди поглед на неверојатниот воден свет, туку и пријатно подводно сместување, ресторани…

Најголемиот подводен ресторан го отворија Норвежаните минатата година, а има нов тренд на отворање на подводни уметнички галерии како галеријата Нагаро на австралиските острови Витсундеј. Ваквите понуди сè повеќе ги доведуваат луѓето во контакт со области во длабочините на морето. Сепак, подводниот туризам не е ништо ново, тој само презема поголем интензитет во последните неколку години. Иcак Косто измисли опрема за нуркање уште во 1942 година, а Стручното здружение на инструктори за нуркање, ПАДИ, издаде 27 милиони сертификати за нуркање низ целиот свет од 1967 година. Според официјалните податоци, во светот има околу шест милиони активни нуркачи, плус безброј ентузијасти за нуркање кои ги истражуваат длабочините на нашиот океан, пливаат со китови и желки, посетуваат подводни пештери… Покрај тоа, многу крајбрежни одморалишта долго време нудат патувања со брод со стаклено дно.

Без разлика дали подводниот туризам ќе биде иднината на патувањето, подводните искуства имаат важна секундарна придобивка – едукација на нови генерации за потребите на грижата за океанот. Затоа пандемијата на коронавирус е добар потсетник за потребата од зачувување на природата.

Остави коментар

Почетна // Travel Story // Дали подводните патувања можат да станат иднина на туризмот?
Горе