ЕПСКО ХИПИ ПАТУВАЊЕ: Дали би тргнале со автобус на патување од 70 дена?

30 ноември, 2020
1599740479_DedbutYoutube

Многумина мразат да патуваат со автобус, а 20 лица следната година повторно ќе се возат со автобус од Лондон до Индија и Австралија.

1599740787_bus1.jpg

Поточно, ова е прва година во која ова епско патување не е реализирано. Причината е Корона вирусот, но патувањето за следната година е веќе закажано и повеќе нема да се организира само еднаш годишно! Во минатото туристите не брзаа туку уживаа во патувањето. Исто така не секој можеше да си дозволи патување со авион, па поминуваа илјадници километри со брод или автобус!

Има само места за 20 патници, а туристите ќе можат да ја изберат целата рута или само дел. Затоа што ова е автобус “hop on, hop of” и можеш да излезеш од него и да се качиш повторно. Значи поминува низ Европа и застанува во сите поголеми градови како Париз, Брисел, Прага, Берлин, Варшава, и се продолжува кон Москва и Сибир, потоа Кина и Југоисточна Азија. Оние кои продолжуваат кон Сиднеј можат да ги истегнат нозете во Тајланд, во Сингапур …

Оваа турнеја е всушност инспирирана од хипи-патувања што се одвивале на ист начин во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век.