Езеро кое ја менува бојата: Келимуту, свето место кое собира души! (ФОТО + ВИДЕО)

12 јуни, 20200
kelimutu-2048x1365

Келимуту е мал, но е добро познат вулкан лоциран на индонезискиот остров Флорес, во близина на градот Мони.

На врвот на овој вулкан има три кратерски езера со различни бои. Иако тие го делат врвот на истиот вулкан и се наоѓаат еден до друг, езерата повремено менуваат бои – од црвено и темно кафеаво, до тиркизно и зелено, независно едено од друго.

Благодарение на специфичните бои на езерото и густата магла околу врвот, Келимуту се смета за свето место, а локалното население верува дека душите на мртвите одат кон едно од трите езера – во зависност од тоа како се однесувале на Земјата.

Затоа, езерата се викаат Тиви Ата Мбапу – Езеро од стари лица, Тиву Нуа Мури Кох Таи – езеро од момчиња и девојчиња и Тиву Ати Поло – Езеро од зли духови.

Сепак, науката секогаш има практично објаснување и се тврди дека оваа промена на бојата не е ништо друго туку природен феномен што потекнува од хемиски реакции на минералите содржани во езерото, кои реагираат на гасови од вулкани. Историски гледано, езерата повремено биле извор на мали ерупции на овој вулкан висок 1.639 метри.

Сепак, денес е мирен и им овозможува на геолозите, фотографите и туристите да го посетуваат секој ден, да го проучуваат и да се восхитуваат на неговата единствена убавина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *