Гостопримливата Грузија: Раскрзницата помеѓу Европа и Азија каде времето застанало (ВИДЕО)

14 јуни, 20200
Annotation 2020-06-14 163446

Земја со единствена традиција, култура и природа.

За Грузија се вели дека е земја во кој времето застанало, а несекојдневната природна убавина и љубезниот народ сведочат за една држава која долго, и се чини неправедно била на маргините на туристичките понуди.

Сместена е на стратешки важно вкрстување каде Европа се среќава со Азија, има единствено и древно културно наследство, а позната е меѓу останатото и по традицијата на гостопримство и одличната гастрономија. Домашното вино, истакнува локалната популација, е најдобро на светот.

Нејзината недопрена и малку незауздана природа нуди скоро се што еден турист и вљубеник во природата може да посака. Планинарење, рафтинг на диви води, бициклизам на бескрајните плажи на Црното Море – оваа земја има практично се.

Главниот град на Грузија е Тбилиси и тој е еден од најстарите градови во овој дел на светот кој со векови будно стражари на вратите на Европа и Азија. Денес тој е исклучително жив град полн со позитивна енергија која почива на старата култура и традиција.

Освен престолницата, во земјата постојат и многу градови кои се идеална прилика да се запознае еден посебен народ, а меѓу нив се наоѓа и Кутаиси. Ова е еден од најпопуларните градови меѓу посетителите на Грузија, а трет по големина. Градот е стар повеќе од 3500 години, а народот во него го бие глас како исклучително љубезен и срдечен.

Во овој град се наоѓа и можеби најпознатиот национален споменик, катедралата Баграти од 11 век. За жал, во 17от век е потполно уништена, па по реновирањето и обновувањето таа денес е посебна комбинација од старото и новото време и стил. Поради исклучителната положба на катедралата, погледот од неа на градот остава без здив.

Кутаиси има и позната Ботаничка градина основана во 19от век, во која свој дом нашле над 700 различни видови билки, па престојот во истата е своевиден бег од градската гужва и место за семејни одмори. Градината е позната по тоа што во неа расте даб стар повеќе од 400 години, во кој се наоѓа мала капела. Дабот има висина од 45 метри, а стеблото е со дебелина околу 2 метри, што е доволно во него да собере 3 луѓе.

Реката Окатсе е нешто што не би требало да се пропушти. До реката т.е. до канјонот кој е несекојдневно убав се стига преку стаза која е направена на метална конструкција. Стазата се наоѓа на 50 метри висина, а додека ја поминувате истата, ќе уживате и во волшепствата на реката, стазата се завршува со водопад, со висина од околу 70 метри. Два километри од него се наоѓа езерото Ломина, одлично за освежување или капење во летните денови.

Близу Кутаси, во регионот Имеретија, се наоѓаат најпосетените пештери Сатаплиа и најголемата грузијска пештера, Прометеевата пештера, сочинета од 16 помали. Со доста живи и јасни бои, името го добила според познатата легенда за Прометеј, кого боговите го казниле бидејќи на луѓето им го открил огнот. Овде можете да се прошетате, но и да се возите во бродче по езерата кои се наоѓаат внатре во пештерите. Од друга страна Сатапалиа е позната и по тоа што таму може да се најдат отпечатоци кои ги оставиле диносаурусите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *