11 јули, 2020

Хотелот „Null Stern“ е дело на концептуалните уметници Франк и Патрик Риклин чија главна цел беше да ги запознаaт луѓето со природните убавини на швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин.

Во директен превод, Null Stern е всушност хотел со 0 ѕвездички каде просториите немаат прозорци, врати или покрив.

Кога овој хотел „се отвори“ во 2016 година, имаше неколку соби како што се апартманите Schwendi, Stump и Burst  лоцирани на околу 1200 метри надморска височина во кантонот Св. Гален.

Просториите беа многу флексибилен опис за изградени постаменти со брачен кревет и ноќни наткасни во средина на планинската пустина.

Во нивна непосредна близина се наоѓаше колиба со тоалет што гостите можеа да го користат, но и батлер што ги исполнуваше барањата на гостите.

За оваа авантура, за една ноќ се наплаќаше 200 евра, и имаше огромен список на чекање.

Хотелот Null Stern во моментов не работи, но за ова лето се подготвува еден вид спин-оф хотел со соби без покриви и sидови, кој ќе вклучува уште поголем број на локации во Швајцарија, наречени Zero Real Estate.

Остави коментар

Почетна // Travel Story // Хотел со 0 ѕвезди без прозорци, врати ниту покрив
Горе