И убави и фасцинантни: Еве кои атрактивни дестинации се наоѓаат во книгите со рекорди!

25 септември, 2020
110269_maldives-1993704-1920_f

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен во светот Ова веројатно им е познато на многу луѓе, а официјално едно од седумте природни чуда на светот има должина од 2030 километри. Тој всушност е составен од три илјади индивидуални гребени и вклучува стотици тропски острови. Тоа е единственото живо суштество што може да се види од вселената, и е подолго од Кинескиот Ѕид.

Бајкалското езеро е најголемото и најдлабокото во светот. Можеби сте знаеле дека Бајкалското езеро е најдлабокото езеро во светот, но е најголемо слатководно ниво според волуменот на вода и всушност опфаќа дури 20 проценти од снабдувањето со слатка вода во светот. Најголемата длабочина е околу 1615 метри, а се проценува дека волуменот на вода е ист како да се собрани сите Големи езера на Северна Америка. Овде живеат околу 1.500 животински видови, од кои 80 проценти се ендемични.


Нил е најдолгата река во светот. Најдолгата река во светот го има својот извор под екваторот, а на крајот од нејзиниот проток низ Африка се влева во Средоземното Море. Патеката долга 6695 километри поминува низ Танзанија, Бурунди, Руанда, Демократска Република Конго, Кенија, Уганда, Јужен Судан, Етиопија, Судан и Египет.

Ангелските водопади се највисоки во светот Во срцето на Венецуела се наоѓаат водопадите Ангел високи 979 метри, што ги прави највисоки во светот. Во споредба со другите познати водопади, овој е огромен.

Исланд е најголемиот вулкански остров Со својата површина од 103 илјади квадратни километри, Исланд е најголемиот вулкански остров во светот, кој е формиран поради вулкански ерупции. Исланд е една од најмалку загадените земји во светот и го користи целото изобилство на природни ресурси, меѓу кои е и геотермалната топлина.

Мртвото море е на најмала надморска височина Мртвото море всушност се наоѓа на 430 метри под нивото на морето, и секоја година паѓа за уште еден метар. Познато е по екстремните нивоа на сол, поради што во него нема живи организми и зошто на луѓето им е лесно да лебдат во ова море.

Најдолгата плажа е во Бразил Најдолгата плажа на светот, Караото Праја до во Бразил, се проценува дека е на околу 245 километри од Рио Гранде до границата со Уругвај. Плажата е подеднакво популарна кај локалното население и туристите и нуди различни спортски активности во и околу водата.