Исланд е земја на вистински геолошки чуда: По овој текст ќе посакате да ја посетите

26 август, 2020

Исланд е место на геолошки чуда и арена на вечна борба помеѓу ледот и оганот

Исланд, или како уште ја нарекуваат земја на ледот и оганот, позната е како сопственик на вулкани, гејзери, глечери и водопади, но малку луѓе знаат дека на овој остров се сретнуваат евроазиската и американската тектонски плочи, како и дека оваа држава го има најстариот парламент на светот.

Една новинарка на Танјуг го опишува својот престој во Исланд. Една од првите станици ми беше националниот парк Тингвелир, каде над површината на морето најдобро се воочува раздвојувањето на евроазиската и американската тектонска плоча. Што ги привлекува геолозите од целиот свет.

„Кога стоите овде, не сте ниту во Европа, ниту во Америка. Сега сте на Исланд”, рекол туристичкиот водич.

Во Тингервил, кој заради историските, културните и геолошките вредности е запишан на листата на УНЕСКО, е основан најстариот парламент на светот во 930 година наречен Алтинг.

Во политичкиот систем на Викинзите неможеле да учествуваат жените, оссвен индиректно преку мажите, што и го правеле често, но имале исти права во случај на развод, доколку се откажат од својот сопруг пред двајца сведоци.

На Исланд, остров формиран од вулканска активност, земјотресите се честа појава, поради што сите згради се ниски, вклучително и оние во главниот град Рејкјавик, најссеверната престолнина во Европа.

Се работи за град чија архитектура се одликува со живописни бои, кои немаат ниту МекДоналдс, ниту Старбакс и во кој мноштво графити и уметнички дела ги разубавуваат фасадите и улиците.

Во Рејкјавик се наоѓа и една од најимпозантните градби, а тоа е црквата Халгимскиркја, со висина поголема од 70 метри.

Главниот град, има популација од 200.000 жители, што е повеќе од 60 проценти од вкупната популација на островот и е исклучително чист.

На помалку од еден саат возење се наоѓа плавата лагуна.

Исланд е богат и со геотермални води, а тоа е вистинското место да се искуси бањање во топли минерални базен, чие дно е покриено со вулканска лава.

Температурата на водата е помеѓу 37 и 39 степени, така да ладното време не влијае на уживањето, во небо сината вода, која има лековити својства.

Со тоа посетителите добиваат и третмани за грижа на лицето и пијалоци по сопствен избор.

Како и при приближувањето кон геотермалните води, така силен мирис се чуствува и кога се доближувате до гејзерите.

Најпознатиот гејзер, се нарекува Голем гејзер. Некогаш бил многу активен, а сега многу ретко исфрла млазови со врела вода и пареа.

Неговиот „помал брат” Сторкур е целосно различен и еруптира на секој десетина минути со гејзери високи и по 20 метри.

При посетата на гејзерите треба да се биде внимателен, како што влат локалните жители потребно е 2 секунди да те „спржи”.

Една од причините поради кои Исланд е омилена локација за снимање на многу холивудски филмови се и бројните водопади како Скогафоса и Сајаландсфоса.

Сајаландсфоса е посебмо привлечен поради можноста да се прошетати позади водопадот и да доживеете едно поинакво искуство.

Водопадите е невозможно да се поминат без да бидете опфатени од водата.

Но никој нема да се пожали за тоа, бидејќи природата е како од бајка. Особено кај водопадот Гулфос, кој е наречен и Златен водопад, а има пад под агол од 90 степени.

За фановите на серијата „Game of thrones” посебно значење има плажата Рејнисфјара, на која има црн песок. Плажата е користена за снимање на седмата сезона од популарната серија.

Според легендата, три камења во океанот биле џинови , кои се обиделе да ги извлечат бродовите на брегот. Џиновите смееле да се движат само ноќе, но заради густата магла не приметиле дека се разденува у се претвориле во камења.

Брановите лесно ги привлекуваат туристите да им се приближат, а потоа одеднаш зајакнуваат и заплиснуваат посилно, со што ги повлекуваат луѓето во океанот или ги фрлаат на големите карпи. Со што оваа плажа претставува една од најсмртоносните.

Иако предизвикува чуство на непријатност кога ќе слушнете дека сеуште има 30 активни вулкани, додека 5 до 6 се спремни да еруптираат, се чини дека населението знае да живее со тој факт.

Во 2010 година еден од вулканите еруптира, а цела Европа била покриена со облак од пепел, што довело до најголемо пореметување во европскиот авиосообраќај.

Вулканот се активирал после стотина години мир, и според досегашната активност не се очекува негово активирање во наредните 200 години.

Исланд е место на геолошки чуда и арена на борба помеѓу ледот и оганот, а посебно е интересно што на островот, иако целиот е прекриен со зеленило нема шуми.