Италијанскиот град на „лудаци“ каде во неколку минути можете да добиете потврда дека сте избегале со паметот :)

6 мај, 20200
Gubbio-italy

Ако разговарате со некој од локалното население кој знае повеќе за историјата на овој град, тие ќе ве упатат кон Фонтана на лудаците, од каде може да добиете потврда дека сте избегале со паметот …

Кога камени плочи и sидовите на куќите на италијанскиот град Губио би можеле да зборуваат, сигурно ќе има неколку идеи за сценарија за филмови. Стратешки лоциран на многу стрмна падина над која се издига планината Ингино, градот има многу интересна мрежа на градски плоштади и улици.

Губио ги воодушевува посетителите со атмосферата, но и со необични приказни од минатото кои ги има во изобилие. Разговорот со некои луѓе од локалното население кои знаат малку повеќе за историјата на овој град, ќе ве упати да ја посетите Фонтаната на лудаците. Официјално наречена Fontana del Bargello, се наоѓа во центарот и денес е омилено место за собирање за Италијанците и туристите. Според старата традиција, може да се заработи диплома на лудак од Губио. За да го добиете тој „ласкав“ прекар, треба само трипати да ја посетите фонтаната и да пронајдете некој што живее во градот да ве „крсти“ со вода. За неколку евра во продавницата кај фонтаната, ќе добиете и писмена потврда дека станувате почесен член на градот.

Фонтаната потекнува од 16 век, а според историчарите, необичниот ритуал не е неоснован. Наводно, чудни формации на околните ридови веќе долго време се загадени со токсичен иридиум, што предизвика здравствени проблеми.

Малиот град кој се наоѓа во централна Италија во североисточниот дел на Умбрија е познат и по најголемата „новогодишна елка“ во светот, која е сочинета од повеќе од 700 светла распоредени на планината Ингино. „Дрвото“ се протега на 750 метри, почнувајќи од античките sидови на градот до базиликата Свети Убалдо, штитеникот на Губио, децата, sидарите и кршачи на камен, коja се наоѓа на самиот врв.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *