КАКО ОД БАЈКА: Еве зошто германскиот град стана хит на социјалните мрежи (ФОТО)

3 октомври, 2021
47848_dsfsdfgggg_f

Градчето на западот на Германија Фројденберг стана sвезда на социјалните мрежи откако на Инстаграм беа објавени фотографии од куќи од тоа место кои личат едни на други.

Фројденберг се наоѓа во шумско подрачје во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и е близу до поголемите градови Келн, Дортмунд и Бон, кои се на само еден час со автомобил, додека од Франкфурт треба час и половина.

Лежи во ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина. Целата нејзина површина зафаќа 54 квадратни километри, од кои две третини се под шума.

Што го прави Фројденберг посебен?

Познат е по својата специфична и автентична архитектура.

Имено, сите негови куќи од 17 век, осумдесет од нив, изгледаат исто и се посебни по начинот на градење. Тие имаат карактеристична црно-бела фасада и вкрстени греди.

Најдобро време за посета на градот е есен или зима. Тогаш се чини уште помагично, особено кога снегот ги украсува покривите на куќите.

Instagram sвезда

Зимските фотографии на Фројдберг, чие име во превод значи планина на радост, го направија вистинска Instagram ѕвезда. Случаен пост на Instagram го извлече овој град од мракот и сега му се пишува друга приказна.

Сега, сè повеќе луѓе бараат нешто поразлично, нешто што е посебно и што сè уште не е видено или посетено.

Затоа постои зголемен интерес и пристигнување на туристите, особено на Јапонците. Градските власти го препознаа туристичкиот потенцијал на овој град, па затоа ќе го реновираат градскиот парк Курпарк, кој нуди еден од најдобрите погледи.

Во блиска иднина треба да има кафе со слаткарница и сè што е потребно за вистинско уживање во погледот кон градот.