КРИСТАЛНАТА ПЕШТЕРА во Исланд е магичното место кое со својата убавина ќе ви го одземе здивот!

26 октомври, 2020
pesteri

Едно од чудата на природата
Кога би можеле да го замислите идеалното место каде би го поминала познатата Елза од цртаниот филм „Frozen“, тогаш тоа сигурно би биле ледените пештери на Исланд.

Шала на страна, ако сте љубител на мраз и снег, ова бајковито, скоро нереално место е вистинскиот избор за авантуристи кои не се плашат од ниски температури, да го посетат едно од најубавите чуда на природата.


Регионот Ватнајокул е широко познат по своите необични пештери или глечери, кои зафаќаат дури 8 проценти од површината на Исланд, што е 8.100 квадратни километри, а по обем се едни од најголемите глечери во Европа. Просечната дебелина на мразот е 400 метри, а максималната 1000.


Како се формираат?
Во некои земји ги имате скоро истите ледени пештери од година во година затоа што температурата таму е постојана. Сепак, исландските пештери се различни. Имено, секоја зима условите се менуваат, а водичите повторно и повторно бараат нови пештери кои се доволно големи и стабилни за истражување одвнатре.

Повеќето ледени пештери се формираат како канали за вода што поминува низ или на дното на глечерите. Водата „копа“ под глечерот и формира пештери. Тие обично се формираат во лето, кога протокот е на својот врв. Пештерите тогаш беа поплавени и недостапни за посетителите.

Со пониски температури, мразот исто така се зајакнува, а на крајот на ноември се создаваат услови за првите посети.

View this post on Instagram

Seguici anche su Facebook! Crystal Cave, la bellezza mozzafiato di un regno glaciale!❄️ Gli intensi riflessi blu di questa spettacolare caverna sono dovuti alla pressione esercitata dal peso della neve caduta dal ghiacciaio e stratificata durante i secoli, facendone fuoriuscire tutta l’aria. Questo è il motivo della purezza e della trasparenza che rende così vigoroso e spettacolare il colore del ghiaccio… #MyBestPlaceAroundTheWorld . . #CrystalCave #vatnajökullnationalpark #vatnajokull #vatnajokullglacier #iceland #vatnajokullglaciercave #glacier #cave #islanda #gameofthrones #GoT #amazingworld #awesomeearth #aroundtheworld #widenyourworld #beautifuldestinations #worldcaptures #earth #wonderful_earthlife #naturelovers #exploringtheglobe #traveltheworld #wonderful_places #onedestination #onedirection #MyBestPlace #dovemipiace

A post shared by MyBestPlace (@mybestplace) on

Во текот на зимата, понекогаш има потопли периоди со силен ветер и дожд. Тогаш пештерите се поплавени и стануваат опасни и непроодни. Ова е исто така една од причините зошто треба да ја посетите само со овластен водич.

Исто така, она што е особено интересно е тоа што има неколку вулкани под пештерите Ватнајокул, како и вулкански езера.

Ледените пештери се достапни само во текот на зимските месеци, од ноември и обично во текот на март, во зависност од времето. Сепак, не треба да дозволите овие ледени убавици да ве измамат – иако изгледаат нереално, тие можат да бидат многу опасни, ако не ве придружува обучен водич кој го познава глечерот внатре. Затоа туристичките водичи и експерти ве предупредуваат да не влегувате сами внатре.

Исто така, никогаш не треба да влегувате во пештерите без водич за глечер и соодветна заштитна опрема, што значи дека не смеете да влегувате внатре без заштитен шлем и опрема за одење по мраз.

Најпозната пештера на југоистокот на Исланд е Кристалната пештера, која е многу популарна меѓу туристичките компании во оваа област. Токму од таа причина, пештерата може да биде многу преполна, но исто така е прекрасно искуство да се биде внатре и да уживате во ова спектакуларно чудо на природата.

Името Кристална пештера го доби своето право поради чистотата на мразот, што овозможува неверојатно прекршување на светлината и боите, правејќи ја сцената магична.

Што велите, дали ви се допаѓа Кристалната пештера?

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum