Летото овде трае до средина на ноември! Беше рибарска населба, а сега е ТИРКИЗЕН рај за туристите (ВИДЕО)

22 јуни, 20200
Annotation 2020-06-22 204424

Драгоцен камен на кипарската плажа чија убавина од неодамна привлекува се повеќе луѓе.

Аја Напа на Кипар до скоро беше прав рај за млади, чија единствена цел  беше забава и пијанење, но набрзо стана и синоним за квалитетен одмор, содржаен и  полн со уживања.

Ова место сега се промовира како место кое личи на Хвар, Мегалуфу и Марбеља, преубаво летувалиште кое освен добростоечките стари туристи ги привлекува и младите семејства.

Тиркизното море, кое е одлика на кипарската плажа е едно од работите поради кои многу одлучуваат својот летен одмор да го поминат токму на ова место…

Во Аја Напа можете да летувате се до средина на ноември, заради поволната температура.

Ако постои место на Кипар кое се смета за космополитски центар и рај за туристите, тоа дефинитивно е Аја Напа.

Ова место нуди рајски плажи, духот на грчките градчиња и услуги кои потсетуваат на турските ресорт третмани, пишува Travel Magazine.

Сместена е на југоисточната плажа на Кипар, околу 40кm од Ларнака, а во близина на ртот Греко. До средина на 70-тите години од минатиот век Аја Напа била мала рибарска населба од 200 жители, изградена околу средновековен манастир.

Деведесеттите и приливот на  британски туристи ја стави Аја Напа на картата на светскиот туризам, но и денеска во местото не живеат повеќе од 3.000 жители.

Плажите на Аја Напа се посебна атракција на Кипар, со природно мали пристаништа во карпите околу пештерата Греко.

Аја Напа брои вкупно дваесет и седум плажи, од кои дури четиринаесет имаат сино знаменце, што е повеќе од било кое друго одмаралиште на Кипар. Во 2018 година објавено е дека  Nissi Beach се наоѓа на третото место на најпопуларните плажи на Инстаграм.

Истата година CNN плажата Nissi ја смести во најпознатите плажи на светот, и тоа на високото трето место.

Скоро на секоја плажа можете да најдете низа барови каде освен освежувачки коктели можете да уживате во сирење на скара , прекрасна музика и ладовина.

Покрај плажата Ниси , уште две плажи се многу популарни, Макронисос и Конос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi