Мистерија на Амазонската прашума: Врела река која убива се што ќе надојде

11 јули, 20200
amazon

Во централниот дел на Амазонската прашума во Перу, скриена е врела река или Шанеј-Тимпишка, чија вода достигнува неверојатни 93 степени Целзиусови. Во таа вода можете да сварите јајце, а ако ја ставите раката внатре ќе добиете сериозни изгореници за само неколку секунди.

Опкружена е со обоени камења и богата вегетација до 18 метри високи, локалното население верува дека тоа е света река со лековити сили. Покрај тоа, за врелата река во Јужна Америка се раскажуваат многу легенди.
Современата наука ја „открила“ оваа река за време на експедицијата во ноември 2011 година предводена од Андрес Руз.

Овој термички специјалист патувал со автомобил низ дождовната шума од градот Пукалпе околу два часа. После тоа, твеслал во кану 45 минути и се шетал низ шумата уште еден час за да стигне до Шанеј-Тимпишка.

Реката ја чува шаман од скриениот спиритуален центар на Мајантујаку, кој му дал дозвола на Руз да ја тестира водата и го носел по нејзиниот тек, долг околу околу шест километри.

Реката во некои делови достигнува длабочина од околу пет метри. Температурата на водата варира од 48 до 93 Целзиусови степени, а калта по должината на нејзиниот брег е толку топла што не можете да шетате со боси нозе на неа.
Високите температури уништуваат сè што ќе и се најде на патот, па не е изненадување што е полна со тела на мали животни како жаби.

Врелите реки не се невообичаена појава во светот, но обично се наоѓаат во близина на вулкани. Шани-Тимпишке е специјална река затоа што најблискиот вулкан е оддалечен 640 километри.

Иако нејзиното потекло сè уште се истражува, научниците претпоставуваат дека водата се влева во земјата, се загрева таму и повторно извира низ пукнатини.


Детални информации за реката што врие може да се најде во книгата на Руз, The Boiling River: Adventure and Discovery in the Amazon. Во видеото „Great Big Story“, погледнете како изгледа оваа мистериозна река во дождовната шума во Амазон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi