Мистериозна и дива Корзика: Остров каде времето застанало

17 јуни, 20200
дссдс

Прекрасната островска оаза на југоисточниот брег на Франција, Корзика, ги воодушевува патниците со своите магични плажи, заливите, идиличните снежни планински врвови и богатата култура. Островот на убавата архитектура честопати беше мета на вооружени судири меѓу Франција и Италија, поради неговата стратешка важност на Медитеранот. Со своите прекрасни брегови и планините опфатени со снег, Корзика го оправдува своето име – „Остров за убавината“. Античките Грци го нарекле „Kaliste“, што значи „Пријатно“ или „Убаво“. По должината на брегот има многу убави пристанишни градови и падини по кои се „расфрлани“ живописни села.

Порто Векио

Сместено е на најубавиот брег на Корзика, веднаш до најубавите плажи на островот, полни со недопрена природа и неопислива убавина. Во засолништето на зелените планини се простира „тепих“ од најквалитетниот бел песок, кој го топи чистото, транспарентно море во нијанси на сина боја.

Бонифацио

Декорацијата на југот, подигната на серија бели варовнички карпи, е еден вид феномен, со стара цитадела. Веројатно најинтересниот град во Корзика, чисто модерно место. Љубезноста и гостопримството ќе ве воодушеват, ќе талкате по тесните, испреплетени улици на стариот дел на градот, со имиња на корзикански и француски јазик.


Ајачио

Главниот и најголемиот град Корзика, каде е роден славниот војсководец и освојувач Наполеон Бонапарта, на 15 август 1769 година. Прошетката околу заливот и погледот ќе бидат доволно интересни за вас … но, исто така, прошетајте низ главната пешачка зона на Руе Кардинале Фес, која гордо го носи името на чичкото на Наполеон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi