Млада двојка која преку инстаграм заработи доволно за вила во Бали

29 јуни, 20200
ујхнкјн

Тие се млади, патувале низ целиот свет, а во исто време, за тие патувања и текстови кои ги објавуваат – заработуваат огромни пари! Се чини дека оваа двојка го живее животот од своите соништа, а вилата што успејаа да ја купат во Бали зборува во прилог на тоа, плаќајќи ја исклучиво со заработката од влијание и објавувања на Инстаграм! Дваесет и деветгодишниот Џек Морис од Манчестер и неговата девојка Лорен Булен од Австралија, можат да се пофалат со база од скоро пет милиони следбеници на Инстаграм. Така, јасно е колку далеку можат да достигнат луѓето, а бидејќи во рекламирањето никогаш не било инвестирано повеќе, Џек и Лорен заработиле големи пари.


„Веднаш плативме половина од сумата, а остатокот го исплативме на месечна рата, бидејќи странците во Индонезија не можат да имаат хипотека“, објаснува Џек. Отпрвин, тие издвоија околу 3,7 милиони долари за куќата, но веднаш инвестираа уште 700 илјади во дополнителни градежни работи. Тие добија многу мебел од бројни спонзори, но на крајот куќата чинеше околу 5 милиони долари!


Тие исто така потврдија дека куќата е купена исклучиво од парите заработени од објавите за спонзорства, а со оглед дека нивното најевтино објавување на Инстаграм чини околу 20 илјади долари. Погледнете го профилот на Инстаграм на Џек и Лорен, можеби ќе ви дојде идеја како да заработите пари, да патувате низ светот и еден ден да добиете дом во Бали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi