На оваа дестинација нема хотели или кампови, но сепак беше избрана за најдобра во 2020 година (ФОТО)

18 декември, 2020
abrolhos-arhipelag-830x0

Совршено место за бегство од сè и од секого

Годината со која се збогуваме ќе остане во нашето сеќавање како една од оние во кои останавме желни да патуваме. Поради пандемијата на корона вирус, мал е бројот на оние кои патувале надвор од Македонија на одмор, а строгите мерки за карантин ги десеткувале можностите на туристите од целиот Свет да истражуваат нови дестинации и да уживаат во недопрената природа.

Туристичкиот гигант Скајсканер препорача осум дестинации кои ќе бидат хит во 2021 година. На врвот на списокот се наоѓаат Абролхосовите острови во западна Австралија.

Овој архипелаг не само што е малку познат како уникатно место за годишен одмор и затоа е недоволно посетен, туку овозможува и целосно ново празнично искуство. Имено, на островите нема хотел, ниту легален камп во кој би можеле да престојуваат туристи, но затоа тие се идеални за уживање во пливање, нуркање, риболов и фотографирање диви животни.

Тиркизна вода, бели песочни плажи, неверојатно богат подводен свет и најважно за секој што има мобилен телефон, пораки, повици, новости – во архипелагот Абролхос ве чека само божествена природа, без контакт со цивилизацијата што ја познаваме.

Галапагос на Индискиот океан, како што се нарекуваат 122 острови на архипелагот Абролос од Скаисканер, беше прогласен за национален парк во јули 2019 година.

Иако е преубав, за жал не можат сите да го посетат. Резервиран е за луѓе кои имаат „длабок џеб“, бидејќи до овој архипелаг може да се стигне само со јахта или туристички бродови од Џералдтон, Калбари или Донгара.

На островите нема вода за пиење и струја, но властите им „гледаат низ прсти“ на туристите ако одлучат да ја поминат ноќта на плажа, под шаторот што ќе го донесат и постават сами.