Најневообичаената водна површина на Cветот: Зошто МРТВОТО МОРЕ е вистинска туристичка атракција? (ВИДЕО)

15 септември, 2020
mrtvo-more1

Мртвото море е познато и по своите лековити својства

Мртвото море е една од дестинациите што со децении привлекува голем број туристи.

Депресивното море, како што го нарекуваат затоа што е на најниската точка на надморска височина, се наоѓа на границата на Израел и Јордан, а Ерусалим е на 20-минутно возење од познатите летни одморалишта Еин Бокек и Еин Геди.

Соленоста на Мртвото Море е 33 проценти, што го прави најсолено море на Земјата, овде нема жив свет освен некои видови микроби.

Неговата вода е идеална за лекување на дерматолошки заболувања, така што оваа дестинација изобилува со спа центри. Меѓу другото, има корисен ефект врз нервниот систем, затоа се препорачува за оние кои страдаат од депресија и анксиозност.

Идеално е за не пливачи, бидејќи дури и ако сакате, не можете да потонете поради количината на сол. Сепак, спасувачи постојат на сите плажи. Ќе се запрашате, зошто? Ако голема количина од оваа вода влезе во вашиот нос или уста, може да се појави задушување. Исто така, не се препорачува долго задржување во морето.

Се препорачува да се капете двапати на ден, по дваесет минути.

Познатата минерална кал има корисен ефект врз проширените вени, а на бреговите има топли извори наменети за третман на ревматски заболувања.

Сепак, ова езеро, всушност, девет пати посолено од кое било море, се заканува да пресуши целосно бидејќи нивото на водата опаѓа за цел метар секоја година.