Најубавиот парк во Светот: Магија на четири милиони сини цвеќиња

17 октомври, 2020
pjimage-78

Јапонија е позната по цветовите на сакурата, а околу 4 милиони ситни сини цвеќиња, кои потсетуваат на мали сини самовили, цветаат во паркот Хитачи во Ибараки секоја година. Паркот тогаш изгледа волшебно

Јапонија е позната по расцутените цветови на сакурата, но тоа не е единствената убава работа што ја нуди. Погледот на паркот во Ибараки привлекува исто така големо внимание, бидејќи изгледа како градина полна со мали сини вили. Постојат околу 4,5 милиони расцветани цвеќиња кои го сочинуваат најубавиот поглед и најдоброто место за фотографирање.

Сина цветна идила го покри и осветли паркот Хитачи во Ибараки. Овие цвеќиња, со прекар “бебешки сини очи”, цветаат кон крајот на април, а потоа постепено ја губат бојата.

Цвеќиња може да се најдат низ цела Јапонија, но тие се најпопуларни во паркот Хитачи. Секоја година, над 4 милиони ситни цвеќиња го покриваат паркот и создаваат прекрасен поглед кој привлекува многу луѓе.

Бидејќи има многу цвеќиња и тоа е навистина голем парк, скоро е невозможно да се направи совршена слика што ќе го долови сето тоа. До ова волшебно место можете да стигнете со воз од Токио.