Највисоката камена кула во светот: Место на кое никој не смее да се искачува!

6 јуни, 20200
kula 0

Австралискиот Еверест е скоро исто толку висок како две Ајфелови кули, а планинарите од целиот свет сонуваат да го освојат неговиот врв.

Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, границата со Тихиот Океан меѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, а Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток.Оние кои имале прилика да го видат, не можеле да поверуваат колку е огромен. Со своите 562 метри имаме чувство дека овој врв ги достигнува облаците.

Речиси двојно поголема од Ајфеловата кула, оваа кула се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност изумрен вулкан чиј врв останал над водата, а последен пат бил активен пред седум милиони години.

Оттогаш, околу неа пливаат птици, риби, како и други морски суштества, и тоа го привлекува вниманието на морнарите, пилотите, како и на планинарите кои сонуваат да се искачуваат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел оваа огромна кула е Хенри Бол, која ја именувал по самиот себе. Хенри  поминувал со бродот “Supply” во 1788 година, превезувајќи ги доселениците во Норфолк.

Околу 20 километри од пирамидата е островот Лорд Хау, од кој чамците честопати се упатуваат кон „Пирамидата“ за да се восхитуваат на нереалната големина на овој австралиски Еверест. Само неколку планинари успеаја да се справат со силните бранови за да се искачат на врвот на пирамидата. Причината за ова се кревките карпи кои пропаѓаат во морето и претставуваат голема опасност за нив, па токму затоа е забрането искачувањето на пирамидата. Казната за непослушните планинари е 5000 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi