Недостасува само Дедо Мраз: Необично градче во Франција кое изгледа како да е дел од сон (ФОТО)

9 декември, 2020
Kolmar-Francuska-1536x845

Кој еднаш ќе дојде, никогаш нема да сака да замине

Постојат места кои изгледаат како да се од бајка.

Всушност, за Колмар во Франција, убедени сме дека тоа е всушност родно место, никој друг освен на Дедо Мраз лично.

Затоа што, рака на срце, погледнете ги овие нереални фотографии и ќе ви биде јасно зошто туристите го обожаваат овој град, особено за време на Божиќ.

Од сите страни ќе видите украсени згради и куќи, мечиња, сијалички, украси и машнички.

Божиќните дрвја и новогодишните sвезди се украсуваат на секој чекор, а мирисот на топло чоколадо и варено вино се шири низ калдрмата на улиците. Па, што сакате подобро?

Но, Колмар е посебен поради некои други работи. Имено, ова место испушта старогермански шарм, најмногу затоа што е оддалечено само дваесетина километри од германската граница, а се нарекува и „Мала Венеција“, но и „град на виното и уметноста“.

За прв пат во историјата, се споменува уште во 823 година, а Колмар е родно место на познатиот скулптор Фредерик – Огист Бартолди, кој ја дизајнираше американската статуа на слободата.

Градот има околу 86 илјади жители, а се наоѓа во подножјето на планините Восгес, покрај реката Лауч, која е поврзана со канал со Рајна, според Википедија.

По Втората светска војна, Колмар стана важен економски и туристички центар. Саемот за вино и меѓународниот фестивал на класична музика придонесоа за добрата репутација на градот ширум Светот. Туристичкиот прилив е голем. Секој го сака својот дел од алзашката идила во Колмар – фотографија со куќи стари неколку стотици години како што се рефлектираат во водата, заедно со цвеќиња од стотици саксии на фасадите.

Најдоброто вино се точи во градините на кафулињата и рестораните. Специјалитети кои го слават Алзас се служат на трпезата. На прво место е „Flamkuhen“ – тоа е еден вид алзавска пица со многу тенко тесто. Исто така, тука се и полните порции со месо. „Jarret de porc fume, chocroute“ – зад ова прекрасно име се крие пушена свинска шушка со кисела зелка – јадење што се служи на другата страна на границата, во Германија, како типично германско.

Значи, ако сакате да создадете празнична атмосфера, посетете го необичниот Колмар. Едно е сигурно – штом пристигнете, никогаш нема да сакате да заминете.

Погледнете уште неколку фотографии од овој нестварно убав град.

escort - Korsan taksi