Одмор над провалија: Дали би се осмелиле да спиете на оваа карпа?

31 октомври, 2020
peru

Туристите и авантуристи кои го посетиле The Natura Vive Skylodge велат дека тоа е импресивно искуство бидејќи до хотелот може да се стигне само пеш, а сместени сте во капсула над карпите.

Долината Урубамба е позната како света долина на Инките. Сместена е во перуанските Анди, а високо над карпите се наоѓа хотелот The Natura Vive Skylodge, пишува Euronews.

До хотелот можете да стигнете само пеш, со качување по карпи или со жичара. Вашата соба е капсула прикачена на стрмните карпи над долината, а изградена е од алуминиум и поликарбонат.

Прицврстена е на висина од 366 метри со сидра што можат да издржат товар од еден и пол тони.

Но, товарот за посетителите не претставува проблем затоа што тие веќе знаат пред пристигнувањето дека не им треба многу багаж. По пријавата во хотелот, водичот ќе ве однесе на планината, а ја носите целата вода и храна што ќе ви требаат таму.

Може да носите колку што сакате или колку што мислите дека можете да носите на 600 метри надморска височина.

Но, затоа ве чека пријатен одмор на вашата дестинација. Минималистичкиот ентериер се фокусира на природната убавина што го опкружува хотелот. Можете да ја набудувате долината во подножјето, и ако легнете, можете да ги гледате ѕвездите над вас ноќе.

Кога станува збор за локацијата, хотелот е на одлична локација, на само 13 километри од Мачу Пикчу и 90 минути возење од Куско. Иако ви треба одредена кондиција за искачување, следното утро можете да се спуштите до основата преку спирала од метални скали и жици или едноставно со жичара.