Островот на змејовите: Комодо, скриен рај на недопрена природа (ФОТО+ВИДЕО)

18 јули, 20200
Annotation 2020-07-18 195047

Огромните гуштери се заштитен знак на овој остров

Комодо е еден од 17.508 острови во Индонезија. Островот е дел од архипелагот Мала Сунда и Националниот парк Комодо.

Иако островот е од вулканско потекло, на него нема активни вулкани, иако мали земјотреси се вообичаени.

Површината на островот е 390 km².  Бројот на жители е во благ пораст – во 1928 година на островот живееле околу триесет жители, а денес има околу 2.000.

Над сините води на индонезискиот теснец на Шапе се издигнуваат неплодните тревни ридови на Комодо, Ринку, Падар, Флорес и бројни мали острови кои заедно го сочинуваат Националниот парк Комодо основан со мисија да ги спаси змејовите од Комодо од истребување, антички вид гуштер што ги населува.

Природата на резерватот е преубава, мирниот тревен пејзаж е нарушен од по некое осамено стебло палмира палма додека врвовите на ридовите се обраснати со густи шуми кои честопати се обвиткани во магла. На бреговите постојано се менуваат мали вовлечени песочни плажи, голи карпи или густи мангрови шуми.

И, освен посетите од античките змејови Комодо, оваа дестинација нуди незаборавно нуркање во еден од најубавите подводни резервати во светот.

Комодо змејовите, господари на островот

Кога некој ќе ви каже дека ќе сретнете гуштер што пораснал над 3 метри, се прашувате дали навистина сакате да го видите одблизу!? Оние што имале можност велат дека не смеете да го пропуштите.

Змејовите од Комодо се вид гуштер кој живее непроменет повеќе од 4 милиони години во оваа област. Тие се единствените преостанати примероци на антички гуштери кои биле ендемски вид на Азија пред 25-40 милиони години. Денес, нивниот број на секој од поголемите острови брои илјадници.

Шарениот животински свет на паркот

Оваа група на острови се наоѓа во граничната зона помеѓу двете големи животински кралства: Австралија и Евроазија. Затоа, во оваа област живеат цицачи како што се руски елен, дива свиња, макаки, како и бројни птици и влекачи.

Разновидноста на дивиот свет на копно е особено импресивна кога се земени во предвид тешките временски услови. Сушите владеат околу 8 месеци годишно, додека периодот на монсуните носи големи врнежи од дожд во останатите 4 месеци.

Разновидноста на видовите е особено изразена во водите околу островот. Досега се откриени околу 1.000 видови риби, 260 видови корали и околу 70 различни видови на сунѓери. Кога додавате бројни видови китови, делфини и желки, добивате едно од најбогатите подводни области на планетата.

Островот Комодо, кој е дел од националниот парк со исто име, се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Го посетуваат 10.000 туристи месечно, кои доаѓаат не само заради змејовите од Комодо, туку и да уживаат во одличните локации за нуркање и убавата природа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *