Ова се најстрашните места на светот: Сте посетиле ли некое од нив?

1 ноември, 2020
4b3a01eec020946cd2840bcbde6489977e093f20


На списокот на најстрашните европски турнеи има и воденици во околината на Ваљево, благодарение на вампирот Сава Савановиќ, но и напуштените замоци на Војводина. Сепак, овие дестинации, освен страв, не им нудат ништо друго на туристите.

Венеција знае како да заработи добри пари од туризмот, не само за време на карневалот! Имено, во овој град се одржуваат тури во текот на целата година, во кои водич за околу 30 евра ги носи туристите низ тесните и мрачни улици на градот и им раскажува легенди за невозвратена љубов и измама, покажува вили каде „живеат“ духови …

Трансилванија секоја година ја посетуваат милиони туристи поради грофот Дракула. Особено е привлечно да ја посетите Романија на крајот на октомври, бидејќи забавата на Дракула се организира последниот ден. Туристите кои ќе се најдат во замокот Бран на 31 октомври можат да јадат раженици на сабја и да пијат крв.


Прага, со својата готска архитектура, е вистинска атракција секоја вечер за туристите кои уживаат да шетаат по празните улици. Во 20 часот, секоја вечер, започнува тура во која водичот зборува за клетвите и несреќите што им се случиле на поранешните жители на овој град.