Оваа нација полека но сигурно ја „голта“ океанот

7 ноември, 2020
maldives-17687141920-830x0


На околу 8 километри оддалеченост од североисточниот брег на островот Мале на Малдивите, се наоѓа вештачкиот остров Хулхумале.


Распрснати преку Арапското Море, југозападно од Шри Ланка и Индија, Малдивите се олицетворение на тропска идила за патниците од целиот свет, кои доаѓаат тука за да уживаат во совршените корални атоли покриени со бел песок, со луксузни хотели и бројни спортски активности. И покрај сето ова, Малдивите се земја која се соочува со сериозна еколошка закана. Луксузните хотели на плажа може да бидат познати низ целиот свет, но повеќе од 80% од островите имаат надморска височина помала од еден метар. И на повеќето од нив им се заканува морето, кое бележи зголемување на нивото.

Аранжмани за Малдиви - најповолни цени за 2020/2021 | Jungle Tribe


Сепак, наместо сето тоа, Малдивите се свртуваат кон поинаква форма на геоинженеринг, а на вештачкиот остров Хулхумале создаваат Град на надежта, кој се карактеризира како град за 21 век. До овој вештачки остров може да се стигне со автобус од аеродромот во главниот град Мале, кој поминува преку мостот, директно до Хулхумала. Иако заканата е сериозна, Малдивите исто така се мачат со зголемена ерозија, која се заканува на околу 70% од инфраструктурата. Покрај тоа, постои загриженост за налетот на морето, што може да ги загрози изворите на слатка вода со својата соленост. Да не спомнуваме дека на крајот може да доведе до природни катастрофи, како цунамито во 2004 година, во кое загинаа повеќе од 100 луѓе на Малдивите.

МАЛДИВИ НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ - ЈАНУАРИ
escort - Korsan taksi