Јамајка: Рајски предел и луди забави во ритамот на реге музиката

6 април, 20200
jamaica

Музичарот Марко Гацина и неговиот бенд „Брајан Холидејс“ својот албум го снимаа во татковината на реге музиката, во истото студио во кое што Боб Марли пееше и се дружеше со љубителите на хрватскиот фудбал. Што вели Марко за Јамајка?

Мојата љубов кон Јамајка и првото патување се случи пред повеќе од 20 години, кога за прв пат се вљубив и почнав да ја слушам реге музиката и да ја запознавам јамајканската култура. Подоцна додека настапував на реге фестивалите запознав пејачи и музички групи кои што доаѓаа од таа живописна земја, а воедно и споделував искуства со луѓе кои што веќе ја имаа посетено. Желбата да ја посетам оваа прекрасна земја постојано растеше и на крајот, за дваесетгодишнината на нашата група, одлучивме да одиме во Јамајка и да го снимиме нашиот петти албум таму. Билетите ги резервиравме пет месеци пред нашето патување и многу брзо дојде денот кога веќе летавме кон Заливот Монтего преку Франкфурт.

Сцени од рајот

После дванаестчасовниот лет слетавме во Заливот Монтего и бевме шокирани од температурата од околу 28 степени. Добивме визи на аеродромот и веднаш фативме такси возејќи се по северниот брег на островот за да пристигнеме до градот Кингстон.

Возејќи се по овој прекрасен остров бевме воодушевени од убавината на природата: брановите кои што се прекршуваа врз коралните гребени оддалечени дури педесет метри од брегот, палмите кои што го следеа движењето на ветрот додека сонцето изгреваше од облаците. Тоа беше вистинска сцена од рајот.

Опасен град

Кингстон, главниот град на Јамајка изгледа како урбана џунгла. Сообраќаен хаос, шума од кабли испреплетени над улиците, огромни станбени блокови и бодликава жица насекаде низ градот… Еден блок важи за мирна населба, а веднаш подолу на два блока е гетото, секогаш бучно и раздвижено. Туристите дури се советуваат преку ден да не шетаат сами низ населбите, а доколку посакаат да го прошетаат градот обавезно да земат водич, особено ако се таму за прв пат. Ги следевме сите упатства и немавме никакви проблеми.

Јамајка – фабрика за хитови

Таф Гонг Интернешенл е компанија во сопственост на семејството Марли, основана во 1970тите. Во нејзин склоп постои издавачка куќа, студио за снимање и простории за проби. Студиото се наоѓа на истото место каде што порано беше студиото Федерал Рекордс. Рита Марли го купила студиото по смртта на нејзиниот сопруг Боб Марли, затоа што тоа била негова голема желба. Покрај многуте светски познати великани, тој таму има има снимено и три албуми со Веилерс.

Музејот на Боб Марли

Во Кингстон ја посетивме куќата на Марли, која по неговата смрт беше претворена во музеј. Ова е местото каде што се чуваат многу од неговите предмети: гитарата, креветот, облеката… Дури на фасадата од куќата се видливи дупките направени со куршуми, создадени на денот за обидот на неговот убиство во 1976 година. Во дворот има споменик, како и бар со одлични пијалаци. Во близина е хербалната куќа Каја Херб Хаус со одличен поглед кон сината планина за која се вели дека е една од најубавите во светот.

Храна и луѓе

Едно од најдобрите јадења е Џерк чикен – пилешко јадење со ориз и црвен грав, повеќе или помалку луто. Секој кувар го подготвува со свој рецепт, но каде и да го пробавме секогаш ни беше одлично и вкусно, како и сè што пробавме. Се приготвува на начин што пилешкото се пече на половина буриња во уличните ресторани и не е скапо. На островот често се јаде и печена коза, но секако и риба. Најпопуларното пиво е Ред Страјп, а пиевме и Џели Вотер – желе од сок од млад кокос.

Народот е симпатичен, многу топол и пријателски настроен. Знаат каде се наоѓа нашата земја, а кога им кажувавме зошто сме дојдени, секогаш не прашуваа за името на бендот и веднаш не наоѓаа на сите социјални мрежи.

Градот Гордон

Во овој град настапивме на фестивалот  Italee and The Circle of Brethrens, заедно со седум други изведувачи од пет земји. Се прашувавме како луѓето ќе прифатат бел бенд кој што доаѓа од другата страна на светот. Веднаш по концертот, тие ни пристапија со многу комплименти кои што дури ретко ги добивавме дома во толку голем број. Тоа беше дефинитивно најубавото искуство кое што го доживеавме на Јамајка.

Лудо возење кон Очо Риос

Нашиот хотел имаше централна локација во градот Очо Риос, имаше голема и прекрасна тераса на покривот. Немаше секогаш топла вода, понекогаш немаше ниту ладна, но нас тоа не ни беше важно, ние бевме во Јамајка. Градот има бела песочна плажа со многу ресторани и барови. Следниот ден, дел од нас отидоа во Најн Мајл, родното место и место каде што се наоѓа гробот на Боб Марли.

Се упативме со комбе во коешто едвај собираше околу дваесет луѓе. Дел од патот го поминавме со комбето, а потоа се упативме со автомобили. Штом ќе ве видат пешки на патот, мештаните веднаш знаат каде одите, застануваат и само ви намигнуваат за да влезете. Го плаќате возачот околу осумдесет денари и се возите со другите кои што ги земал на патот. Кој не се возел вака, не ја доживеал Јамајка.

Забава на кровот

Родното место на Боб Марли е на огромен имот, каде што на врвот на брдото се изградени неговиот мавзолеј и малата црква. На дното пак се наоѓа мала сцена на која што свиреа локални музичари кои не поканија да им се придружиме. Откако се вративме во Очо Риос, се забавувавме на реге забава на покривот на хостелот, а последниот ден дури имавме време и да отидеме на песочната плажа, точно во точката каде што реката се влива во морето. Дванаесет дена поминаа во еден момент. Островот и народот нè воодушевија и сите заклучивме – порано или подоцна ќе се вратиме на Јамајка.

За Јамајка – Добро е да се знае

Сообраќај: Освен возење од левата страна на патот, сообраќајните правила се чини дека не постојат. Луѓето постојано свират, мавтаат, па дури и викаат од автомобилот… Многу е тешко да се замислам да возам таму.

Цени: Пивото во продавницата е 80 денари, а во ресторан е 160 денари. Оброкот на уличен штанд чини околу 240 денари. Одлично сместување може да се најде и за 15 долари за една ноќ.

Музика: Додека се прошетавме низ Кингстон, добив впечаток дека во сечиј двор има мал музички систем од кој што од сите страни одекнува реге музиката. Секако, најпопуларен меѓу сите е извонредниот Боб Марли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *