Оморалиште кое ќе ве остави без здив

20 јули, 2020
odmaraliste

Дали би можеле да го испланираме одморот годинава… Не сме баш сигурни, но може да биде опција за наредното лето.

 Еве една совршена опција и понуда. Станува збор за преубавиот Anantara Chiang Mai Resort, кој дефинитивно нуди најдобра идеја за годишен одмор. Сместен во северниот дел на Тајланд, ресортот дефинитивно ќе ве наведе да размислувате за живот на плажа, засекогаш.

Сместен на преубавата обала на реката Chiang Mai Mae Ping, познатиот ресорт на прв поглед ќе ви влезе под кожа. Една работа која може да ви го расипе доброто расположение, е фактот дека во еден момент ќе мора да се вратите дома.

Уживањето во удобен кревет по неколку часа, со утринско кафе на приватен балкон, ќе ве подготви за уште еден незаборавен ден во овој рај, додека десертите во  Lobby Lounge делот ќе ве воодушеват.

Со маѓепсувачка мешавина на традиционално тајлански дизајн и шармантен колонијален стил, ресортот на своите гости ќе им посака добредојде во своите затворени и отворени простории, со помош на педесет и две лица задолжени за гостите и триесет и два луксузни апартмани.

Постојат три опции за престој, преубавата Bar & Cigar ложа, славниот Anantara Spa, фитнес центар и дел за јога исто така ќе ве воодушеват, покрај сите останати активности во кои може да уживате.