По изолацијата, на многу луѓе им е потребен активен ОДМОР! Ова е вистинското место

12 јули, 20200
Annotation 2020-05-25 165128

Сите сме сеуште под стрес од скорешните случувања во последните неколку месеци, но со оглед на тоа дека летото тукушто не пристигнало, работите се враќаат во нормала. Светот повторно почнува да изгледа убаво, а ние ве водиме на едно од најубавите места на светот.

Рафтинг центарот Тара се наоѓа во Босна и Херцеговина, на 18км од Фоча, во правецот на Никшич. Во природа како од разгледница, овој рај на земјата се наоѓа помеѓу два национални паркови Сутјеска и Дурмитор, во подножје на масивната планина Вучева, на самиот брег од реката.

Рафтинг центарот Дрина Тара се наоѓа на совршена позиција па оттука сите рафтинг тури завршуваат во овој рафтинг центар, а сите останати outdoor активности тргнуваат токму од тука. Со капацитет од преку 120 бунгалови и околу 400 легла, ова е најголем комплекс  на европскиот континент кога е во прашање активен одмор и од година во година е се популарен. Рафтинг центарот Дрина постои повеќе од 20 години и со врвната организација, професионалност и најголеми мерки за сигурност по ЕУ стандардите, ова место успева да го задржи она по што и станало познато и омилено а тоа е семејната и топла атмосфера како на одмор кај роднини во село, со вечери покрај оган и тоа на самиот брег од реката.

Додека поминувате време на терасата околу овој центар на река, душата ви одмара со погледот на ѕвезденото небо преку бујните крошни на дрва и во секој момент можете да пружите рака и да ја допрете ледено ладната вода која тече под вас. Ова е веќе одличен почеток на вистинското хедонистичко доживување кое тукушто не почнало, а тек допрва ве чекаат 18 домаќинки кои подготвуваат храна на лице место од свежи органски намирници претворајќи ги во специјалитети на Старата Херцеговина кои само овде можете автентично и богато да ги вкусите.

“Нашата кујна е посебна приказна” кажува еден од сопствениците. “Во куната немаме баш ниту еден професионален готвач туку тоа за нас го прават нашите домаќинки, жени од околните села кои подготвуваат вистинска домашна и домаќинска храна. Често луѓето прашуваат дали храната се служи на принцип на шведска маса, и тогаш ќе се сетиме дека нашите гости масата на која го сервираме секој оброк ја нарекуваат Славска маса и тоа е веројатно најприближниот опис.”

Рафтинг центарот Дрина Тара, освен најдоброто сместување и организација на целото подрачје, има уште нешто што ја прави најголемата разлика и им дава за право да постават стандарди во овој вид на туризам, а тоа се луѓето. Тим на испробани и одбрани луѓе. Екипа, подготвена и искусна, лиценцирана за водење на чамци за рафтинг на Тара, тим од планинарски водачи, тим кој одржува и води тури со моќните АТВ, момци кои ги водат гостите на “кањонинг” на неистражените кањони во овој крај, возачи кои водат сметка за сигурноста и удобноста при заминувањето на турите, пријателска екипа на симпатични келнери и веќе споменатите домаќинки кои ја хранат вашата душа и тело.

Тоа е нешто што не може да се купи, но може да се стекне и да се изгради, со труд, работа и декади на постоење.

Со декади, овде се градат и пријателства. Тука можете да слушнете многу интересни приказни, приказни за екипите кои доаѓаат на рафтинг во Рафтинг центарот Дрина-Тара веќе 22 години по ред, приказни за љубовта, за забавите, за новите пријателства, приказни за сите оние кои имаат привилегија да барем еден ден од својот живот го “превеслаат” заедно со овие прекрасни луѓе во овие нестварни кањони.

Територијата на општината Фоча е инаку позната, особено меѓу странците, како “земја на кањоните” и се наоѓа на истокот од Република Српска, северно од Херцеговина, на самата граница со денешната Црна Гора. Овој крај е познат како оаза на природа, потполно незагаден, до плитки реки и потоци, високи планини. Една од прашумите во Европа, Перучица, се наоѓа баш овде, со водопадот Скакавац кој тече во срцето на прашумата, а во негова близина се наоѓа највисокиот врв во Босна, Маглич. Во подножјето на Маглич постои глечерско езеро во облик на срце, Трновачко езеро кое по многумина е најубавото езеро во бивша Југославија. Веднаш спроти се одроните од планината Зеленгора со мноштво планински езера познати како горски очи. Да го поминете сето ова е непроценливо, а уште поубаво искуство е доколку сево ова го поминете со професионален водич од Рафтинг центарот Дрина Тара. Овие водичи го знаат секој врв, секој извор и секој цвет. Тие ќе ве преплават со интересни приказни од овој крај во кои и самите уживаат, особено кога ќе го доближат сето тоа до секој свој гостин.

Ова е одлично место за тим билдинг. Во тие неколку дена, можете да отидете на рафтинг во најдобриот дел од Тара, со АТВ можете да стигнете до самиот врв на кањонот се до единствената фарма за сирење сместена на најголемиот кањон во Европа. Со големите џипови може да поминете преку Зеленгора, преку патеките до Млечниот пар на Емир Кустурица и Моника Белучи, потоа да се вратите под Маглич и да пешачите до глечерот на Трновачко езеро.

Можеби на некого се на се ова ќе му бидат премногу суперлативи, но оваа природа толку одзема здив да сите тие епитети на крајот не го ни опишуваат доволно сето тоа што овој крај го нуди.

Затоа, најдобро би било самите да се уверите во сето тоа и да видите дали ќе имате доволно зборови да го опишете сето она што ќе го доживеете во овој центар за активен одмор на реката Тара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi