Плажа на љубовта која е најпривлечно место за сите папараци!

4 септември, 2020
плажа

Мексико е земја со многу природни убавини, а може да се пофали и со прекрасниот архипелаг Мариета, составен од неколку ненаселени острови, кои се вистинска туристичка атракција.

Меѓу нив се издвојува островот со познатата „плажа на љубовта“, која е создадена на многу необичен начин.

Имено, на почетокот на 20 век, мексиканската влада спроведе разни воени тестови на ова место.

Бидејќи островите биле ненаселени, ова било многу соодветно место за такви опасни работи, па по големи експлозии, како и вулканска активност, се создала необична карпеста формација.

По неколку децении, властите одлучија да го прогласат целиот остров за национален парк и со тоа да ја заштитат природата од човечки активности.

Многумина главната плажа на овој остров ја нарекуваат „скриена плажа“, но најчесто име е „плажа на љубовта“, која е достапна само кога плимата е мала.

Со години, ова место е идеална атракција за заљубените парови, кои сакаат да се оддалечат од сите и да бидат во идилична и подвиткана морска околина.

Во претходните години имаше гласини дека островот ќе се продава и дека туристите веќе нема да можат да го имаат своето привремено „љубовно гнездо“ на ова место.

Сепак, властите ги отфрлија овие тврдења и повторија дека ривиерата Најарит, чиј составен дел е „плажата на љубовта“, е национално богатство на Мексико и дека така ќе остане засекогаш.

escort - Korsan taksi