Природно чудо на југот на Светот: Мермерни пештери кои вреди да се посетат!

17 ноември, 2020
61984374

Нереално убавите пештери изгледаат како ремек-дело на сликарството, а уште повеќе зачудува фактот што тие се создадени на сосема природен начин, од формации кои траеле повеќе од 6000 години. Тие се формирани во чист мермер, а боите на карпите варираат од тиркизна и црна до зелена и жолта …

Иако веруваме дека на разнобојниот Чиле со својата моќна природа и богата култура не му треба дополнително туристичко рекламирање, не можеме да не споделиме сцени од Патагонија со оние кои (сè уште) не ги виделе. А, оние кои ги виделе со задоволство би сакале да се присетат.

На југ на југот

Мермерните пештери во Чиле (Капили де Мармол) се природно чудо, скриени во прилично изолиран дел од земјата. Сместени се во регионот Патагонија, најјужниот дел на Јужна Америка и се дел од езерото Генерал Карера. Тие се наоѓаат далеку од патот, па пристапот е можен само со брод.

Без грижа, додека да стигнете до вашата дестинација, вртоглавите патишта на Патагонија веќе психички ќе ве подготват за лоша логистика (особено ако одите со сопствен автомобил).

Но, откако ќе пристигнете, ќе разберете зошто се исплати. Дури и посетителите зафатени од дожд потврдија дека искуството е сè уште прекрасно.

Нереално убавите пештери изгледаат како ремек-дело на сликарството, а уште повеќе зачудува фактот што тие се создадени на сосема природен начин, од формации кои траеле повеќе од 6000 години. Тие се формираат во чист мермер, а боите на карпите варираат од тиркизна и црна до зелена и жолта боја.

Како што споменавме, пештерите се дел од езерото Генерал Карера во јужниот дел на Чиле. Тоа е исто така најголемото езеро во Чиле, кое влегува на територијата на соседна Аргентина.

Пештерските тури обично се посетуваат во раните утрински часови кога водата е најмирна и тиркизна поради дневна светлина и потребно е да се понесе потопла облека. Заборавете на костимите за капење веднаш затоа што водата е прилично студена (освен ако не сте „еден од оние“).

Пештерите е можно да се посетат само со брод или кајак, а возењето низ нивните тунели трае дури два часа. Не е ни чудо што тесната позиција, до која не е лесно достапна, не спречува илјадници туристи од целиот Свет да дојдат да ја посетат.

Еден поглед на фотографиите и јасно е – вреди (илјада) пати.