Пустинската рака во Чиле: Споменик во средината на Атакама крие посебна симболика (ФОТО+ВИДЕО)

18 јуни, 20200
Capture 4

Невообичаено место со импресивна склуптура привлекува голем број туристи секоја година. Непрегледните рамници на пустината Атакама, на северот на Чиле, потсетуваат на слики од Марс. Необичниот споменик, за кој многумина не се сигурни дали вистински постои, ,,Пустинска рака” (Mano del Desierto),уште повеќе допринесува за убавината на ова место. Фантастичните предели на најсувата пустина во светот Атакама , зафаќаат површина од над 100.000 километри квадратни, која ја сече мрежата на Панамериканскиот автопат кој има должина од 30.600 километри, и ги поврзува Северна и Јужна Америка.

Атакама претставува феноменално место и ноќе, затоа што ѕвездите од ова место се гледаат исклучително јасно, па оваа пустина е најинтересна за луѓето кои сакаат да ги гледаат ѕвездите.

,, Пустинската рака ” се наоѓа во средина на големата пустина, и изгледа како човек кој се дави во жив песок и очајнички ја пружа раката со надеж дека некој ќе го спаси.

Палецот и четирите прсти кои извираат од земјата ја прекинуваат монотонијата на пустината бидејќи овој споменик е висок импресивни 11 метри, а најблискиот град, Антофагаста , од пустинската рака е оддалечен 74 километри .

Изградбата на споменикот, кој во 1992год. од бетон и железо ја направил чилеанскиот склуптор Марио Ираразабал , е финансирана од локалната организација “Korporasion pro Antofagasta”.

Уметникот Ираразабал е познат по своите дела кои го асоцираат човечкото страдање , така да и ова склуптура го симболизира чувството на осаменост на ова изолирано место.

https://youtu.be/pmM0CCmC2y8

Без обзир на апелите упатени до туристите да не го уништуваат споменикот, локалното население , два пати годишно го чисти од невкусните графити.

Иако оваа пустинска рака е осамена во пустината, сепак има свој пар: десната рака се наоѓа во Уругвај, направена е десет години порано во Пунта дел Есте на брегот на Атлантскиот Океан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi