САМО НА СИБИР: Ако некогаш прелетате над оваа област, добро погледнете низ прозорецот

22 јуни, 20200
sibir

Еден руски фотограф со дрон го фатил името на Владимир Ленин испишано со големи букви од борови и елки.

Рускиот фотограф морал да го активира дронот за да може да ги фотографира огромните букви направени од борови дрвја и елки кои го испишуваат името Ленин во Сибир од висина од 300 м.

Одејќи меѓу дрвјата, не би ни помислиле дека тие се засадени во форма на нечие име. Но, од воздухот, дрвјата ја покажуваат вистинската слика.

Посебната шума во чест на водачот на Руската револуција ја создадоа советските граѓани во средината на 1970-тите во регионот Омск, односно во југозападниот дел на Сибир во близина на градот Тјукалински.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *