Само за најхрабрите: Кипарскиот град на духови е повторно отворен за туристите

27 август, 2020
2947190485f467b264f53b433321534_693x460

Владата на Северен Кипар соопшти дека наскоро ќе го отвори напуштениот град Варош, некогаш популарна туристичка дестинација, кој стана град на духови од турската воена инвазија на островот пред неколку децении.

Кипар е поделен на два дела од 1974 година, меѓу Турција и Грција. Оттогаш, градот Варош е „ничија земја“. Поради тоа, влезот во овој град, кој порано привлекуваше туристи од целиот свет, остана забранет за јавноста.

Премиерот на самопрогласената Турска Република Северен Кипар, Ерсин Татар, ги објави плановите за повторно отворање на градот, кој некогаш имал 12.000 хотелски соби и 25.000 жители.

„Во овој момент, ние сме многу блиски до реализација на плановите за повторно отворање на градот“, рече Татар.

Тој додаде дека мора да се донесат дополнителни регулативи и како што се приближуваат изборите, плановите може да бидат одложени. Но, остана оптимистичен.

„Според мене, сè е подготвено. Климата се смени и се сврте нова страница. Овој град му припаѓа на Северен Кипар и никој не може да го земе од нас“, рече тој. Татар не прецизираше кога градот ќе биде повторно отворен.

escort - Korsan taksi