Социјалната дистанца е овде приоритет: Која е најбезбедната плажа за туристи во Европа?

14 јуни, 20200
plaza 24

Во оваа земја се наоѓаатдвете најбезбедни места за капење на европското тло.

Врз основа на спроведеното истражување кое се однесува на актуелната тема за здравствената сигурност и безбедноста на туристите, избрана е најсигурната плажа во Европа.

Интернет порталот European Best Destinations, кој се занимава со промовирање на туризмот во Европа, наведува дека најбезбедната плажа во Европа се наоѓа во Грција, во градот Превеза.

Плажата Монолити, во регионот Епир на брегот на западна Грција, е најбезбедната плажа во Европа за туристи. 

Оваа плажа е долга 22 километри и широка до 80 метри, што ја прави најголемата песочна плажа во Европа, што овозможува слободно одржување физичко растојание меѓу туристите.

Освен тоа што има најголема плажа, Превеза е единствениот град во Европа со голема плажа кој се наоѓа во близина на три болници, и на 10 минутна оддалеченост од аеродром.

Втората најбезбедна плажа исто така се наоѓа во Грција, и тоа е Халикунас, на Крф. Се наоѓа на околу 40 километри оддалеченост од аеродромот, а истовремено е една од најголемите на овој остров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi