Убавина без конкуренција: Места во Португалија кои ќе ве натераат да го заборавите Лисабон

17 јуни, 2020
Annotation 2020-06-17 173513

Во близина на Авеиро, еден од најромантичните крајбрежни градови, се наоѓа Коста Нова. Иако нема канали и бродови како Авеиро, ова старо рибарско село и тоа како ги привлекува посетителите. Плажите се преполни со колиби во разни бои, а честите посетители на ова место се и заљубеници во сурфањето. Со оглед на положбата, бидете уверени дека овде ќе доживеете единствено искуство, а покрај тоа ќе се најадете морски плодови…

Главниот град на Португалија е едно од најпопуларните одредишта во Европа и туристи од цел свет со задоволство го посетуваат. Иако го открија нешто покасно од Барселона и Париз, во последните неколку години Лисабон потполно исчезна, а за него знаат сите. Со главниот град, популарен е и Порто а ние ве каниме да посетите некои од следните помалку познати, но преубави португалски градови!

Обидос

Брои нешто повеќе од 3.000 жители, а атракцијата која во него највеќе воодушевува е дворецот и фамозните ѕидини од кои се пружа бесконечен поглед. Кралот Динис во 13 век и го подарил овој град на својата жена, кралицата Изабел-како свадбен поклон. Покрај дворецот и ѕидините, посетителите ги привлекуваат и случувања како Меѓународниот фестивал на чоколадото и Саемот на средновековниот пазар. Оддалечен е на еден час возење од Лисабон, така да еднодневен излет овде е сјајна идеја.

Ламего

Се наоѓа во срцето на долината Доуро, каде повеќето туристи кога ќе стигнат во Порто, одат на вински дегустации. Виното овде е една од главните привлечности, а посебно пенастото вино Raposeira. Покрај виното, секако вреди да се посети и барокната црква каде доаѓаат многу аџии. И самиот град е волшебен, со многу историски светилишта, но и со уметнички музеј сместен во палата од 18от век.

 

Lamego

Коста Нова

Во близина на Авеиро, еден од најромантичните крајбрежни градови, се наоѓа Коста Нова. Иако нема канали и бродови како Авеиро, ова старо рибарско село и тоа како ги привлекува посетителите. Плажите се преполни со колиби во разни бои, а честите посетители на ова место се и заљубеници во сурфањето. Со оглед на положбата, бидете уверени дека овде ќе доживеете единствено искуство, а покрај тоа ќе се најадете морски плодови…

Монсараж

Иако повеќето туристи во регионот Алентејо го посетуваат градот Евора, вие запатете се до Монсараж, еден час источно. Сите оние кои бараат врвно вино и масло од околните масленици и лозја, нема да погрешат со доаѓањето овде. Исто така, кој сака да го доживее здивот на историјата, може да прошета до дворецот кој се наоѓа на крајот на селото. Монсараж е пред се мало, слатко место во кое ќе достигнете нирвана.

Monsaraz

Таласнал

Ова село е пример за тоа какви биле селата некогаш. Старите селски камени ѕидови непрестајно се капат во сончевата светлост, а околната шума нои доза мистичност. Прошетката низ градот е и повеќе од удобна, а ќе наидете и на доволен број продавници од кои би си купиле нешто за спомен, како и ресторани во кои ќе јадете нешто сласно.